Федерер преку Надал до трофејот во Мајами

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер синоќа го победи Рафаел Надал во финалето на Мастерсот во Мајами. Федерер славеше со 2-0 во сетови.

Првиот сет Федерер го доби со 6:3 во гемови, а во вториот беше 6:4. Во меѓусебните мечеви Шпанецот и натаму е во водство, но сега разликата е едноцифрена - 23:14.

Федерер по трет пат го освои турнирот во Мајами, Надал по петти пат е поразен во финалето на овој Мастерс.

Воедно за Федерер ова беше вкупно 91. трофеј во кариерата и 26. од АТП Мастерс 1.000 сериите.

На прес-конференцијата по финалето, Федерер најави подолга пауза од терените.

- Најверојатно нема да играм на земјени терени со исклучок на Грен слемот во Париз, Ролан Гарос, изјави швајцарскиот тенисер.

Ова значи дека тој ќе ги пропушти турнирите од Мастерс серијата во Монте Карло, Мадрид и Рим.

Квинта: Забраната за посета на Порфирие на Косово е спротивно на планот на Ахтисари

Во реакцијата се нагласува дека од Владата на Косово се очекува да ги исполни највисоките стандарди за човекови права и во својата законска рамка и со своето дејствување. 

Амбасадорите на таканаречената „Група Квинта“, односно петте највлијателни западни држави кои имаат дипломатски претставништва во Косово – САД, Велика Британија, Германија, Италија и Франција, заедно со Мисијата на Европската унија во Приштина, изразија загриженост поради вчерашната одлука на Владата на Косово да не му дозволи на српскиот патријарх Порфирие и други свештеници да го посетат Косово за да учествуваат на почетокот на годишното собрание на Синодот на Пеќката патријаршија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Одлуката на Владата, се вели во соопштението потпишано од амбасадите на петте земји и Канцеларијата на ЕУ, „е спротивна на одредбите од Планот на Ахтисари, кои јасно ги опишуваат правата, привилегиите, имунитетите на свештенството на Српската православна црква и не е во согласност со обврските на Косово добиени во дијалогот олеснет од ЕУ“.

Во реакцијата се нагласува дека од Владата на Косово се очекува да ги исполни највисоките стандарди за човекови права и во својата законска рамка и со своето дејствување. Страните, исто така, беа повикани да се воздржат од дејствија и реторика кои можат да поттикнат тензии.

„Владата треба да дејствува во интерес на сите свои граѓани и да ги задржи основните вредности и одговорности кон регионалната стабилност. Продолжуваме да ги повикуваме двете страни да се воздржат од какви било дејствија или реторика кои би можеле да ги зголемат тензиите и да доведат до инциденти“, порачаа Квинта и ЕУ.

Министерството за надворешни работи на Косово, во понеделникот, преку објава на Фејсбук, соопшти дека сé додека Србија продолжува да го прекршува Бриселскиот договор, посетите нема да бидат дозволени.

„Сé додека Србија продолжува да го крши бриселскиот договор, не дозволува посети на нашите државни функционери на Србија и дотолку повеќе додека не престане со кампањи против Република Косово на меѓународната сцена, како во процесите на интеграција, така и во процесот на признавање, додека користи говор на омраза и закани кон Република Косово и нејзините претставници, нема да бидат дозволени посети ниту од наша страна“, се вели во соопштението на косовското МНР. /МИА

Силјановска-Давкова на средби со евроамбасадорот Гир и италијанскиот амбасадор Силвестри

Претседателката Силјановска Давкова попладнево на први средби со претставници на дипломатскиот кор.

Во Вила Водно таа ги прими евроамбасадорот Дејвид Гир и италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри.

Јана Јосифоска е пред Вилата Водно.

Јана, какви пораки беа упатени на средбите?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

МАЕИ со честитка до претседателката Сиљановска-Давкова за изборот и инаугурацијата

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, упати официјална честитка до претседателката Гордана Сиљановска - Давкова, за изборот и преземањето на функцијата.

- Со голема радост и чест, во име на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Ви упатуваме најискрени честитки по повод Вашиот избор за Претседател на Република Македонија. Вашата инаугурација како прва жена Претседател на Република Македонија е историски момент кој го поздравуваме со особено задоволство, стои во честитката на МАЕИ потпишана од лидерот Васил Стерјовски.

Се додава дека, МАЕИ, како единствената партија која што ги брани интересите на Македонците во Албанија „со нетрпение очекува да соработува со Вашата администрација во напорите за зајакнување на врските помеѓу Македонците од Албанија и матичната држава Македонија".

-Ви благодариме за Вашата претходна поддршка и ангажман во клучни моменти за македонската заедница во Албанија, особено во 2014 година за време на територијално - административната реформа во Албанија, каде благодарение на вашите совети успеавме да издејствуваме албанската влада да не ја укине општина Пустец населена со 100 отсто македонско население, се нагласува во честитката.

Во Вашата нова улога, се посочува, ја поздравуваме Вашата заложба за чување на македонскиот национален идентитет и суверенитет, и со верба и оптимизам гледаме кон иднината.

-Ви посакуваме многу успеси и мудрост во спроведувањето на Вашите функции, за доброто на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци каде и да се наоѓаат низ светот, посакува МАЕИ во честитката до претседателката Сиљановска-Давкова.

притисни ентер