Фаучи: Чекаме уште податоци за новиот сој, тогаш ќе решиме за затворање на границите

Соединетите држави чекаат повеќе научни податоци за новата варијанта откриена во Јужна Африка пред да донесат „намерна одлука“ за можно затворање на границата, изјави советникот за пандемијата во Белата куќа.

„Ќе донесеме одлука во најбрз можен рок, кога ќе имаме повеќе информации на темата“, изјави др. Ентони Фаучи за CNN.

Земјите-членки на ЕУ се согласија привремено да ги прекинат патувањата од Јужна Африка во ЕУ, откако е откриена новата варијанта на коронавирусот.

Комитетот, кој обединува здравствени работници од 27 земји-членки, „се согласи за потребата да се активира сопирачката за итни случаи и да се воведат привремени ограничувања за сите патувања од Јужна Африка до ЕУ“, објави на Твитер словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

„Оваа опција секогаш се разгледува, но не сакаме да кажеме дека ќе ја направиме пред да има научна причина за тоа“, рече американскиот имунолог. „Затоа сега брзаме да собереме научни податоци за да донесеме соодветна одлука“.

Светската здравствена организација (СЗО) досега ги советува земјите да не преземаат мерки за ограничување на патувањата додека вирулентноста и преносливоста на новата варијанта откриена во Јужна Африка остануваат непознати.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер