Фатих Акин и Рајнер Клаусман – специјални гости на ИФФК „Браќа Манаки" во Битола

Сакам пријатели и пријателства, сакам да учам и многу да работам, рече германскиот актер, режисер и сценарист со турско потекло Фатих Акин, специјален гостин на ИФФК „Браќа Манаки".

Во интерактивен разговор со акредитираните новинари, актери и кинематографери, како и публика од градот, државата и странство, Акин сподели искуства од филмската уметност на која и е посветен, како и соработката со кинематограферите и посебно со Рајнер Клаусман која датира од 2002 година.

-За мене најценето е верното пријателство и тогаш најмногу вложувам енергија и креативност. Со кинематограферот Рајнер Клаусман соработуваме од времето кога бев актер, во филмот „Солино", а потоа и филмот „Со глава в ѕид" за кој како што е познато на фестивалот во Битола освои златна „Камера 300". Како тандем со Клаусман се разбираме брзо и јасно и затоа можеби сме успешни, рече меѓудругото Акин на ИФФК „Браќа Манаки", додека пак кинематограферот Клаусман поентираше со реченицата – денот кога го запознав и соработувам со Акин е ден на кој како да сум добил џек-пот.

Во чест на специјалните гости на ИФФК „Браќа Манаки", режисерот Фатих Акин и кинематограферот Рајнер Клаусман, синоќа во Битола беше приредена специјална филмска проекција на нивниот најнов филм „Златната ракавица", инспириран од вистински настан, според романот на Хајнц Штрук, за кој филмските критичари нагласуваат дека годинава ја шокирал публиката во Берлин, како бизарен и тежок филм. /МИА

Монд: Кинескиот претседател во посета на „освоените територии“ – Србија и Унгарија

 По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со посета на пријателските земји Србија и Унгарија, каде ќе се разговара за нови инвестиции, но не треба да се очекува да се споменат прашања како што се критиките за човековите права и кинеската трговска политика, односно поддршката на Пекинг за Москва, оцени денеска парискиот весник „Монд“.

- По Франција, Си Џинпинг ја продолжува европската турнеја со патување „на освоената територија“, а тоа се Србија и Унгарија. Кинескиот претседател избра со своето присуство да почести две земји со ограничена демографска и економска тежина, но чии двајца лидери, претседателот на Србија Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан користат многу критичка реторика кон Западот, а тоа им се допаѓа на Кинезите, пишува весникот.

За време на четиридневната посета на Белград и Будимпешта, „не треба да очекуваме критики за човековите права во Кина, за трговската политика на Кина или за поддршката на Пекинг за Москва. Напротив, Вучиќ има намера да го прослави, како што го опишува тој, „челичното пријателство“ меѓу Србија и Кина“, оцени францускиот весник.

Што се однесува до Унгарија, Орбан сака да ја одбрани „својата отворена политика“, бидејќи верува дека „Западна Европа е болна“, додаде Монд.

- И Србите и Унгарците се надеваат дека ќе добијат конкретни најави за инвестиции за време на оваа посета. Вучиќ објасни дека од кинескиот претседател ќе побара помош „за обновување на производството на возови“ во неговата земја, но и инвестиции во областа „летечки возила и „вештачка интелигенција“, пишува францускиот весник.

Унгарските медиуми шпекулираат за изградба на нова кинеска фабрика за електрични возила. Со својата одлучна прокинеска политика, Унгарија за неколку години успеа да стане водечка дестинација во Европската унија за кинеските производители на електрични возила.

- Во споредба со другите земји во регионот, како Чешка или Полска, кинеските компании ја ценат Унгарија поради континуираните добри односи со Кина веќе 20 години, оценуваат унгарски експерти, пренесе Монд.

Во Долнени до 9 часот гласале 1,73 отсто за претседателските и 2,34 отсто за парламентарните

Во општина Долнени гласањето се одвива без проблеми, информираат од општинската изборна комисија.

До 9 часот на гласање за претседателските избори излегле 1,73 проценти од запишаните 11 730 избирачи, а за парламентарните избори правото на глас до 9 часот го искористиле 2,34 проценти од 11 748 гласачи.

Украина го осуди најновиот руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура

Во текот на изминатата ноќ руските сили извршија уште еден „масовен напад со проектили и беспилотни летала“ врз украинската енергетска инфраструктура, при што беа повредени најмалку шест лица, соопштија украинските власти.

„Непријателот не се откажува од своите планови да ги лиши Украинците од уште еден масовен напад врз нашата енергетска индустрија“, напиша украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко на Телеграм.

Нападите беа насочени кон производството и преносот на електрична енергија во регионите Полтава (исток), Кировоград (центар), Запорожје (југ), Лавов, Ивано-Франковск и Виниција (запад).

Локалните власти соопштија дека шест лица се повредени во текот на ноќта во неколкуте нападнати области.

Се додава дека „сериозно се оштетени“ зградите на компанијата ДТЕК, најголемиот приватен инвеститор во енергетскиот сектор на Украина, како и три термоелектрани.

Локалните власти соопштија дека од почетокот на руската инвазија врз Украина, во февруари 2022 година, енергетските објекти се бомбардирани околу 180 пати, од кои пет во последните неколку недели.

Како што соопшти денеска воената управа на градот Киев, руските стратешки

притисни ентер