Фармацевтите ќе можат да комуницираат со глуви и наглуви лица

Сто и дваесет фармацевти од државата кои ја завршија четиримесечната обука за елементарно совладување на знаковен јазик, во аптеките ќе можат да комуницираат со глуви и наглуви лица. Од нив, 50 обучени фармацевти на знаковен јазик од Скопје денеска добија сертификати, а лиценци добија шест обучени и лиценцирани сертифицирани толкувачи на знаковниот јазик.

Досега во државата лиценци имаат 18 обучени лиценцирани сертифицирани толкувачи на знаковниот јазик. Обуките за фармацевтите кои ги вршеа стручни лица кои ја работат таа комуникација и се сертифицирани да го работат тој знаковен јазик, се резултат на успешната соработка меѓу Министерството за труд и социјална политика, Националниот сојуз на глуви и наглуви лица и Фармацевтската комора на Македонија.

Сертификатите на 50 обучените фармацевти на знаковен јазик од Скопје денеска им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој истакна дека проектот е во насока на намалување на бариерите со кои се соочуваат глувите и наглувите лица во Македонија.

- Преку овие обуки во соработка со Националниот сојуз на глуви на наглуви лица и Фармацевтската комора на Македонија значително ќе им помогнеме на глувите и наглувите лица при купувањето лекови и контактите кои ги остваруваат во аптеките ширум Македонија. Од сега, па натаму 120 фармацевти ги знаат основите на знаковниот јазик и ќе можат полесно да комуницираат со глуви и наглуви лица, посочи Спасов.

И во наредниот период, истакна Спасов, ќе продолжиме со конкретни активности за намалување на бариерите со кои се соочуваат глувите и наглувите лица.

- Обезбедивме доволно финансиски средства за годинава да се обучат околу 40 толкувачи кои ќе бидат сертифицирани со што за три пати ќе се зголеми бројот на лиценцирани сертифицирани толкувачи за знаковниот јазик. Планираме и дополнителни обуки во соработка со Министерството за здравство и во повеќе болници и здравствени установи во Македонија со кои и натаму ќе продолжиме да ги подобруваме условите за овие лица во државата, додаде Спасов.

Претседателот на Фармацевтската комора Бистра Анѓеловска изрази задоволство од покажаниот интерес од страна на фармацевтите, за нивниот успех и големото залагање, за да го научат основниот дел на тој јазик за да можат да се разберат со глувите и наглувите лица.

- Фармацевтите со тоа ќе можат да ја остварат основната цел на нашата професија, а тоа е добра комуникација со сите луѓе, како и добивање информација дали пациентот разбрал како да го употребува лекот и се што го интересира во врска со лекот и неговиот начин на лекување, посочи Анѓеловска.

Ова, нагласи таа, претставува голем чекор напред во обезбедување квалитетни здравствени услуги од страна на фармацевтите. Изрази уверување дека и другите колеги од областа на здравството ќе покажат интерес за такви или слични обуки за комуникација со глуви и наглуви лица.

Марија Ивановска, една од добитничките на сертификат, рече дека пациентите се задоволни кога ќе наидат на фармацевт кој ги разбира и кој знае да им објасни како треба да ја применат нивната терапија.

- Имавме многу добри предавачи кои не научија како да комуницираме со овие пациенти. Им препорачувам на сите здравствени работници да се вклучат во вакви кампањи, додаде Ивановска.

Претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, Васко Марков, изразувајќи задоволство од спроведените обуки кои воедно биле едно од нивните барања, рече дека станува збор за еден голем многу важен проект од страна на Владата во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

- Моментално имаме 18 сертифицирани толкувачи. Обезбедени се 500.000 денари за обуки за нови толкувачи. Би сакал како Националниот сојуз на глуви и наглуви лица, да имаме над 100 толкувачи, додаде Марков.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

Фото: Русокоса убавица како од мајка родена „јава“ стар милијардер

Фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. На фотката контроверзниот милијардер Ричард Бренсон е во друштво на гола млада и убава девојка.

Ричард Бренсон, чие богатство се проценува на повеќе од пет милијарди долари, заедно со неговата поубава и помлада половина на фотографијата скија на вода и ужива во убавиот ден, неговите пари и убавото друштво.

„Постар милијардер и млада, убава и жешка девојка - какво клише“, гласи еден од 1.200 коментари под новата фотографија на познатиот 74-годишен британски богаташ Ричард Бренсон, на која многу помлада жена – гола, како од мајка родена - го јава како вистинска џокејка.

„Ова е доказ дека среќата може да се купи со пари“, напиша еден корисник на Твитер кој ја „лансираше“ сомнителната фотографија во виралната орбита на социјалните мрежи, која предизвика хаос меѓу луѓето.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

притисни ентер