Фановите на Коби Брајант со солзи се собраа пред салата , каде тој играше цели 20 години (ВИДЕО)

Светот на спортот е во шок по објавувањето дека еден од најдобрите американски кошаркари на сите времиња, Коби Брајант (41) загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, град во американската држава Калифорнија.

Коби патувал со уште четири лица во приватен хеликоптер што се урнал и никој не ја преживеал несреќата. Трагичната вест беше официјално потврдена од градските власти на Калабасас. TMZ пренесува дека една од патниците во хеликоптерот била и неговата ќерка Џана Мари.

Веднаш откако ужасната вест се појави во медиумите, навивачите на Лејкерс и љубителите на кошарката започнаа спонтано да се собираат пред центарот „Стејплс“. Луѓето се во неверување, сите плачат, оставаат цвеќиња ...

Брајант е еден од најдобрите НБА кошаркари на сите времиња. Тој ја помина целата своја 20-годишна кариера со Лос Анџелес Лејкерс освојувајќи пет титули во НБА шампионатот (2000, 2001, 2002, 2009, 2010), два пати како МВП на финалето (2009, 2010), еднаш како МВП на сезоната (2008), дури тој е избран 17 пати да учествува во Ол-стар и 11 пати како член на најдобрите пет во сезоната.

Тој освои златен медал со репрезентацијата на САД на Олимпијадата во Пекинг во 2008 година, а четири години подоцна и во Лондон.

Коби ја заврши кариерата во април 2016 година, со одиграни 1.346 натпревари и рушеше рекорди. Со постигнати 33.643 поени, тој е на четвртото место во целокупниот пласман, пред него се само Карем Абдул-Џабар (38.387), Карл Малоун (36.928) и Леброн Џејмс (33.655). Тој исто така забележа 7.047 скока и 6.306 асистенции.

Брајант е роден во Филаделфија на 23 август 1978 година, а на шестгодишна возраст се пресели во Италија каде неговиот татко Џо Брајанта доби кошаркарски ангажман. На тринаесетгодишна возраст, Бајрант се вратил во Соединетите Држави и започнал да игра кошарка во средношколскиот тим на Мерион.

Во НБА-драфтот во 1996 година, тој беше избран за 13-ти пик од првото коло и го презеде Шарлот Хорнетс. Сепак, Лос Анџелес Лејкерс им понуди на Хорнетс замена со тоа што им го понуди Владе Дивац. Хорнетс ја прифатија понудата, а Брајант стана првиот бруцош кој помина директно од средно училиште во најсилната лига на светот.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер