Ф1: Леклер е „Крал на улиците“

Возачот на Ферари, Шарл Леклер од страна на Формула 1 го доби прекарот „Крал на улиците“.

Пилотот од Монако е лидер во сезоната по освоени бодови на градските трки сезонава во Ф1 шампионатот.

Досега одржани трки низ улиците на градовите се во Саудиска Арабија, Австралија, Мајами, Монако, Канада и Азербејџан. Остануваат уште Гран при во Сингапур и во Лас Вегас.

Пласман во Топ 10 на градски патеки од светскиот шампионат во Формула 1 сезона 2024:

1. Шарл Леклер (Ферари) – 100 бодови

2. Макс Верстапен (Ред Бул) – 94

3. Ландо Норис (Мекларен) – 87

4. Оскар Пјастри (Мекларен) – 80

5. Карлос Сајнц (Ферари) – 54

6. Џорџ Расел (Мерцедес) – 46

7. Серхио Перез (Ред Бул) – 46

8. Луис Хамилтон (Мерцедес) – 32

9. Фернандо Алонсо (Астон Мартин) – 32

10. Јуки Цунода („РБ“) – 17./МИА

Украински дронови разнесоа складиште за муниција во руската област Ростов

Беспилотни летала на Службата за безбедност на Украина (СБУ) кренаа во воздух складиште за муниција во руската Ростовска област.

Нападот е извршен врз складиштето за муниција на полигонот Кадамовски, кој е еден од најголемите во Русија и се наоѓа во близина на населбата Новочеркаск во Ростовската област, потврдија извори од разузнавачката служба на Украина./МИА

Зголемен бројот на пријави до МВР за обиди за телефонски измами

„Вашата ќерка направи тешка сообраќајна несреќа, таа ја предизвикала и ќе треба да се плати дел од штетата“, овој телефонски повик го добиле неколку луѓе само за неколку дена. 

Лажната информација ја пласираат група на луѓе кои се јавуваат најчесто на фиксен телефон и додека кажуваат за несреќата во позадина се слушаат луѓе како плачат. Канал 5 разговараше со жена од Скопје чии родители добиле повик им кажале дека таа имала тешка несреќа, а случајноста е што во моментот таа навистина била на пат и во првиот момент поверувле.

И други луѓе се јавија во Канал 5 и ја раскажаа истата приказна. Раскажуваат дека е страшно што во тој момент не можете да го добиете лицето за кое е кажана „лошата вест“ зошто е во работно време и не секогаш блискиот може да се јави на телефон. Граѓаните реагирале до полиција и пријавиле бидејќи тој што се јавувава нема телефонски број. Од МВР велат дека има неколку пријави и јаувања во полицијата за лажните дојави за информации за несреќа и дека се работи на случајот.

Од МВР велат дека секој кој ќе добие ваков повик да го пријави и да не се наседнува туку да се провери кај нивното семејство или полиција.

Спасовски: Обраќањето на Сиљановска Давкова не понуди визија за иднината на државата

Пратеникот Оливер Спасовски од СДСМ денеска изјави дека денешното обраќање на претседателката на земјава, Гордана Сиљановска Давкова, не понудило визија за иднината на државата.

Тој рече дека очекувал многу теми во општеството да бидат дел од денешното обраќање на Сиљановска Давкова во Собранието.

- Морам да кажам дека два дела во обраќањето, кога зборува за Армијата, поддршката на Армијата и поддршката на сите политики што би значеле унапредување на состојбата во Армијата и подобрување на животниот стандард на сите воени и цивилни лица во Армијата, е нешто за што ќе добие поддршка од нас. И второ, поддршката на еднаквите можности, вметнувањето на жените во политиките и така натаму, декларативно е добро како став на претседател на држава. Меѓутоа, очекувам дека таа декларативност преку влијание преку јавно искажан збор ќе биде преточена во политики, истакна Спасовски на прес-конференција во Собранието.

Меѓу другото, тој рече дека очекувал таа јавно да го осуди носењето на Законот за јавни набавки, со што, додаде, се руши транспарентноста и очекува и ја повика да не го потпише овој указ - Закон за јавни набавки.

- Доколку постои каков било предлог за унапредување на евроинтегративните процеси на државата, тој предлог да биде споделен и со парламентарната опозиција и на основа на тоа, заеднички да разговараме, да заземеме соодветни ставови и заеднички да им помогнеме на граѓаните и на државата, нагласи Спасовски меѓу другото.

Тој со јавноста сподели и дека очекувал зборови и за состојбата на економски план за тоа што се случува во моментов и да биде упатена порака и да се предложи начин за решение на проблемите.

притисни ентер