Ф1 болидот на Мерцедес се продава утре на аукција за најмалку 15 милиони долари (ВИДЕО)

За оние кои имаат најмалку 15 милиони долари, а ја сакаат Формула 1, еве идеална можност за инвестирање.

Аукциската куќа Сотби го продава болидот на Mercedes-AMG Petronas F1 W04 од 2013 година со кој Луис Хамилтон, еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња, победи на трката за ГН на Унгарија.

Болидот со сериски број 04, очигледно, беше омилен и примарен избор на британскиот возач бидејќи со него возеше на 14 од вкупно 19 трки таа година и ја постигна првата победа како возач на „сребрената стрела“.

Да потсетиме: по доаѓањето во Мекларен, Мерцедес како голема млада ѕвезда во 2007 година, Луис Хамилтон истата година го воодушеви светот со титулата вицешампион на светот, зад Кими Раиконен и со дури 4 победи таа сезона. Веќе следната година ја освои првата титула светски шампион, а логичното продолжение на неговата кариера беше местото на Михаел Шумахер, кој на крајот на 2012 година (повторно) се повлече од фабричкиот тим на Мерцедес. Во првата сезона Луис Хамилтон стигна до 4-та позиција во конечниот пласман, за потоа да следи доминација која му донесе уште шест титули светски шампиони (вкупно 7) и соборување на бројни рекорди. Така, Хамилтон има најмногу победи (103), најмногу први стартни позиции (104) и најмногу подиуми (197) во историјата на спортот, а по бројот на шампионски титули е изедначен со Михаел Шумахер. Денес Луис Хамилтон има место во историјата на спортот меѓу најголемите, како Мајкл Џордан, Лео Меси или Том Брејди.

Автомобилот за продажба беше претставен во Херез во февруари 2013 година и е од сезоната кога се возеле „обични“ агрегати. Тоа беа V8 мотори со волумен од 2,4 литри, кои ротираа до 18 илјади вртежи и развиваа повеќе од 750 коњски сили плус уште 80 КС преку KERS. Веќе следната година беа воведени хибридни погонски единици, а громогласниот период на болидите на Формула 1 беше, за жал, неповратен.

Реткоста на оваа понуда е доволно нагласена со фактот што овој автомобил е единствениот сличен во својата историја и важност кој не е во сопственост на Mercedes. Проценката за неговата вредност е некаде помеѓу 14 и 19 милиони евра, а не би чудело доколку конечната цена е значително повисока. Аукцијата ќе се одржи утре во Лас Вегас како само еден од придружните настани на првата Гран При на Лас Вегас.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер