Европските композитори во Скопје на Генерално собрание

Скопје од 28 до 30 септември ќе биде домаќин на Генералното собрание на Асоцијацијата на европски композитори и пишувачи на песни (ЕКСА).


Како што информира Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ), на Собранието ќе учествуваат најмалку 50 композитори на уметничка, класична, аудиовизуелна, филмска и популарна музика од цела Европа. Заштитата на авторските права и третманот на композиторите се клучни теми, но останува можноста за остварување меѓусебни директни контакти и евентуално договарање индивидуални проекти.

Средбата официјално почнува задутре, со свечен прием, а Собранието е закажано за вторник.

- Состаноците на трите комитети од кои се состои ЕКСА ќе се одржат во понеделник. Ќе заседава и Бордот на Асоцијацијата по што во студиото М1 на МРТВ својот прв концерт ќе го одржи и новоформираниот ансамбл за современа музика на СОКОМ „Контемпора“ со дела од македонски автори, рече на прес-конференција Јана Андреевска, претставник на СОКОМ во ЕКСА.

За понеделник и вторник се предвидени планираните сесии.

СОКОМ ќе ја искористи шансата пред композиторите од Европа да ја претстави Македонија, како и можноста за работа тука. Воедно, ќе бидат презентирани и проблемите со кои се соочуваат македонските композитори.

- Важно е најпрво да се запознаеме за да можеме да преземаме заеднички акции ао е тоа потребно, рече Андреевска.

ЕКСА годишно одржува две вакви средби, едната секогаш се организира во Брисел каде што се седиштето и Канцеларијата на Асоцијацијата, а другата е во некоја друга земја.

- Досега тоа беше во западна Европа, но моите заложби од самиот почеток беа да се избегне доминацијата на членките од ЕУ зашто Европа не е само ЕУ, туку во неа има и други земји кои не се нејзини членки и треба и нивните интереси да се сослушаат и да се земат предвид, објасни претставничката од СОКОМ.

По нејзин предлог што бил поддржан од Бордот, Македонија годинава е избрана за земја домаќин иако во конкуренција била и Велика Британија, за одржување на Генералното собрание во Лондон.

- Ова покажува дека во рамки на Асоцијацијата има разбирање за заложбите организацијата во своите редови да развива различност, и покрај унифицирани интереси, нагласи Андреевска.

Во ЕКСА членуваат преку 40 организации од 22 земји. Преку нив, Асоцијацијата застапува 30.000 автори.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер