Европската недела на тестирање, граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да се тестираат од хепатит Б и хепатит Ц

По повод европската недела на тестирање, граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да се тестираат од хепатит Б и хепатит Ц.

Испитувањата ќе се извршуваат во Поликлиника Бит Пазар, а ќе биде во организација на Здравствен Дом Скопје и Хепар центар Битола

Хепатитисот како болест на годишно ниво може да одземе и до 1 ипол милион животи глобално, од ХЕПАР повикуваат граѓаните да се испитаат затоа што симптомите на овој вирус тешко се приметуваат и многу често развивањето на доведува до смрт, додека навремено дијагностицирање може да ја излечи болеста за 12 недели.

Во Македонија има околу 25 илјади граѓани заболени од хепатитни вируси, но за нив нема лекови на позитивната листа, пациентите можат да ја набават само приватно но цената изнесува колку просечна плата во државава,додека пак за Хепатитис Ц може да се купи во странство, а цената на лекот е многу висока.

Во овие неколку дена ќе бидат тестирани и здравствените работници кои се изложени на најголем ризик од хепатитни заболувања, додека пак во затворите Идризово и Шутка ќе се извршат ХИВ испитувања.

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер