Европската Комисија објави стратегија за спас на шумите

Заштитата и одржливото управување со шумите се клучни за борба против климатските промени, вели Европската комисија (ЕК) во новата стратегија за шумите.

Од Финска на север до Италија, Грција и Турција на југ, Европа е зафатена од големи пожари ова лето, во кои што исчезнуваат огромни шумски површини, најголемиот природен непријател на луѓето во борбата против климатските промени.

На 14 јули, Европската комисија претстави пакет од 13 законодавни предлози, клучни за постигнување неутралност на јаглерод до 2050 година, целта поставена во Европскиот зелен план.

За да се постигне ова, се проценува дека до 2030 година емисиите на стакленички гасови ќе треба да се намалат за најмалку 55 проценти во споредба со 1990 година. Еден од наједноставните методи за „чистење“ на атмосферата е пошумувањето, така што со новата стратегија се планира да се засадат три милијарди дрвја во Европа до 2030 година.

Предлозите допрва треба да поминат низ европските и националните парламенти на земјите -членки на ЕУ и се очекува битка помеѓу индустриското лоби и Зелените.

Активистите за заштита на животната средина веруваат дека законите не се доволно револуционерни, а дрвната индустрија има свои корпоративни интереси.

Пред презентацијата на Стратегијата за шуми, Европскиот парламент на почетокот на 2021 година гласаше за серија извештаи со кои се предлага сателитите на ЕУ, Коперник и Галилео, да се користат за следење на пошумувањето и шумските пожари во трети земји.

Европратениците исто така ја повикаа ЕК да направи повеќе за промовирање на одржливо управување со шумите во Унијата, заштита на шумите во странство со отстранување од синџирот на снабдување на оние производи што придонесуваат за пошумување и зголемување на инвестициите од заедничката земјоделска политика во одржливо шумарство и истражување алтернативи на фосилните горива .

Шумите сочинуваат 43 проценти од земјиштето на ЕУ и содржат 80 проценти од копнената биолошка разновидност. Тие се клучни за борбата против глобалните климатски промени бидејќи апсорбираат јаглерод диоксид (СО2) од атмосферата, што годишно претставува речиси девет проценти од вкупните емисии на стакленички гасови во Унијата.

Шумите се еколошки економски сектор со потенцијал да создадат дополнителни 10 до 16 милиони одржливи работни места ширум светот, стои на веб -страницата на Европскиот парламент.

Но, шумските области се намалуваат поради интензивните суши, поплави и пожари чии огромни размери бараат меѓународна реакција. Тие, исто така, се уништуваат од неконтролирано уништување на шумите и други феномени што произлегуваат од климатските промени - појавата на тропски и други штетници, и се` повеќе разорните бури, ветрови и невреме.

Најмалку 85 жртви во поплавите во Бразил- претседдателот бара прогласување вонредна состојба

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва побара од Конгресот да прогласи вонредна состојба поради поплавите предизвикани од обилните дождови во кои загинаа најмалку 85 луѓе во најјужната држава Рио Гранде до Сул,покажуваат најновите податоци.

Оваа мерка би овозможила одобрување на дополнителни државни распределби без потреба да се почитуваат ограничувањата предвидени со фискалните правила кои стапија на сила минатата година.

„Сè уште немаме проценка за тоа што ќе биде неопходно. Само кога водата ќе се повлече ќе го видиме обемот на штетата“, рече министерот за планирање Симон Тебет, како што пренесува Ројтерс.

Гувернерот на Рио Гранде до Сул, Едуардо Леите изјави дека бројот на загинати може значително да се зголеми бидејќи спасувачите напредуваат.

Повеќе од 130 луѓе се уште се водат како исчезнати откако поплавите погодија повеќе од две третини од речиси 500 градови во земјата, а раселени се околу 150.000 луѓе, соопшти Управата за цивилна одбрана на земјата.

Поплавите уништија патишта и мостови во неколку градови, предизвикувајќи лизгање на земјиштето.

Временските услови се подобрија во понеделникот, но синоптичарите соопштија дека се очекува повторно да врне обилен дожд помеѓу 10 и 15 мај.

Муцински: Очекуваме одличен резултат и уште вечерва да се знае каква ќе биде Владата

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски, рече дека ДУИ вечерва станува опозиција, зашто беше дел на криминална Влада.

Муцунски рече дека очекува одличен резултат на парламентарните избори и дека цензусот за претседателските избори ќе биде надминат со сигурна победа на Гордана Силјановска- Давкова.

Ковачевски: Македонските граѓани се суверенот кој одлучува како понатаму

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, денеска го оствари своето гласачко право на вториот круг на претседателски избори и на парламентарните избори.

Во изјавата за медиуми, Ковачевски посочи дека денеска граѓаните одлучуваат во кој правец ќе се движи државата и дека очекекува да донесат одлука која за државата ќе значи напредок и просперитет.

„Денеска македонските граѓани се суверенот којшто одлчува за иднината на државата. Нивниот глас денеска ќе ја определи иднината на државата во наредната декада. Ние во текот на изминатите повеќе од 40 дена ја презентиравме пред сите граѓани нашата програма за европска иднина, при што ги презентиравме сите предности на Македонија земја членка на ЕУ до 2030 година. На крајот на денот граѓаните ја имаат финалната одлука за тоа во кој правец ќе се движи државата, дали ќе биде држава којашто до 2030 година ќе стане земја членка на ЕУ со претседателот Пендаровски и со Коалицијата за европска иднина и СДСМ или повторно ќе се враќаме назад во едно минато време коешто го гледавме цела една декада во државата. Но, во секој случај очекувам граѓаните слободно да го дадат својот глас како што доликува на земја членка на НАТО и земја којашто отвори преговори со ЕУ и очекувам да донесат одлука со којашто ќе обезбедиме сигурна и просперитетна иднина и животен стандард којшто доликува на македонските граѓани и македонската држава“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер