Европарламентот ќе бара одговори од ЕК за унгарските финансии во македонски медиуми

Унгарските финансиски операции во словенечките и македонските медиуми како Алфа, Курир, Република и Нетпрес, се најдоа на агендата на европските пратеници.

Идната среда на пленарна седница, Европскиот Парламент ќе дебатира за „унгарското мешање" во медиумите во Словенија и Македонија, јави дописничката на МИА.

Информацијата ја потврди словенечката европратеничка, Ирена Јовева, на својот Твитер денеска.

Во писмен одговор на прашањата на МИА, Јовева објаснува дека сознанијата од словенечкиот веб портал „Нецензурирано.си" навеле повеќе европратеници да побараат од одговори од Европската Комисија.

-Според документите објавени на порталот, во изминатите години унгарскиот политички врв, преку една од своите банки и помагачи во Словенија водел голема меѓународна политичко-медиумска операција во Македонија сѐ со цел да се сруши тамошната влада, како и договорот за зачленување на земјата во НАТО, во оваа операција наводно клучна улога имале унгарските сопственици на медиумите блиски до словенечката партија СДС, кои во тоа време беа финансирани од тие фирми блиски до Виктор Орбан, објаснува Јовева.

Според објавените информации, станува збор за пренесени четири милиони евра во Словенија преку тие фирми, од кои 1,5 милион останале во Словенија, а 2,5 милиони се наменети за Македонија.

-Од Европската Комисија бараме одговор да каже како ќе се осигури дека земјите членки на ЕУ не се мешаат во демократските процеси на други земји членки или земји кандидатки за членство, вели европратеничката од Словенија, која има македонско потекло.

Иако таа повеќе ја следи ситуацијата во Словенија, отколку во Македонија, вели дека е уверена оти ситуацијата е еднакво лоша за двете земји во овој поглед, со тоа што Македонија се наоѓа во дополнително почувствителен период со оглед на претстојната одлука на Советот за почеток на преговори како и претстојните парламентарни избори.

-Секако тие што се чувствуваат нападнати ќе речат дека финансирањето од странство е легално, но овие текови се невообичаени, да не речам спорни. Како поранешна новинарка, многу добро знам колку е важна слободата на медиумите и многу добро знам дека тие што се чувствуваат нападнати ќе одговорат со напади, можеби и на лично ниво, вели Јовева за МИА.

Спорните медиуми за кои станува збор во Словенија, се „токму такви", додава европратеничката.

-Точно тоа е проблемот со овие медиуми за кои ќе разговараме во среда, како Нова24ТВ на пример, пропаганда на дезинформации, говор на омраза, лаги, јас не можам да го прифатам тоа како нешто нормално, на таков начин, по секоја цена, да се искажува лојалност кон „десната политика", заклучува Ирена Јовева во своите одговори.

Партијата СДС во Словенија пред неколку дена ја доби премиерската фотелја, откако Марјан Шарец даде оставка, во фотелјата седна дологодишниот сојузник на Виктор Орбан и Никола Груевски, Јанез Јанша. Македонските медиуми во кои најверојатно се истурале овие пари се исто така блиски до Груевски, како ТВ Алфа, Курир, Република, Нетпрес. /MИА

Фото: Лепа Брена на јахта за Велигден

Големата балканска музичка ѕвезда Лепа Брена на социјалните мрежи откри дека најголемиот христијански празник Велигден ќе го помине на својата јахта вредна 6 милиони евра.

Пејачката отпатувала на луксузна дестинација, а на својот Инстаграм профил објавила и покажала колку уживала.

На фотките Брена позира на палубата од јахтата.

Видео: Рекорден концерт на Мадона во Рио

Кралицата на попот Мадона постави уште еден рекорд. Легендарната пејачка одржа рекорден бесплатен концерт во Рио де Жанеиро, на кој присуствувале фантастични два милиони луѓе -!

Кралицата на попот Мадона синоќа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро го одржа последниот концерт од својата турнеја „Celebration“, а се проценува дека спектаклот го посетиле меѓу 1,6 и 2,2 милиони луѓе.

Мадона на тој начин го сруши рекордот на Дијана Рос и овој настап сега и официјално е најпосетениот концерт на една изведувачка во историјата.

Ова воедно беше нејзин 81 концерт од мегауспешната турнеја со која ја прослави својата 40-годишна кариера.

Концертот бил бесплатен, а е финансиран од најголемата банка во Латинска Америка како подарок за граѓаните.

Фото: Бритни Спирс во центар на нов скандал: Покриена со јорган надвор од хотел

Според дел од светските медиуми, контроверзната музичка ѕвезда Бритни Спирс била видена во ноќта помеѓу 1 и 2 мај,  облечена само по долна облека покриена со јорган пред хотел.

Како што наведува „ТМЗ“, пејачката била во хотелот Шато Мармонт со своето момче Пол Солиз.

Во текот на вечерта дошло до конфликт, најверојатно меѓу нив двајца, по што некој од присутните повикал полиција, велејќи дека женско лице, кое наликува на Бритни Спирс, малтретирало луѓе и им се заканувало.

Полицијата пристигнала по 22:30 часот, но не констатирала траги на насилство и си заминала.

Изворот на ТМЗ наведува дека Бритни и Пол отишле во хотелска соба, каде продолжиле да пијат. Набрзо повторно се скарале, по што, според изворот, дошло до физички контакт, при што Бритни си ја повредила ногата.

Бритни потоа истрчала во ходникот, викајќи и врескајќи, а гостите повикале брза помош, која брзо пристигнала и успеала да стапи во контакт со пејачката, пренесува „b92“.

притисни ентер