Европа ќе увезе 800.000 кинески автомобили до 2025 година

Европа наскоро може да увезе повеќе автомобили отколку што извезува.

Прогнозите за пристигнување на кинеските автомобили се остварија, но неколку години порано од најпесимистичките проценки. Последица на тоа е што европската автомобилска индустрија остана неподготвена за промени, особено кога станува збор за електрификацијата. Тесла веќе пристигна и предизвика турбуленции на пазарот, а сега доаѓаат кинески брендови кои би можеле да донесат тектонски пореметувања во европската автомобилска индустрија.

Според најновата студија на PwC, Европа ќе увезе 800.000 нови автомобили од Кина до 2025 година, од кои повеќето целосно електрични. Тоа ќе биде драстична промена бидејќи Европа ќе стане нето увозник, т.е. Студијата проценува дека увозот ќе биде поголем од извозот, за дури 221.000 автомобили.

За многумина неочекувано, бидејќи во 2015 година Европа постигна годишно производство од 1,7 милиони возила. Меѓутоа, во меѓувреме почна да расте побарувачката за конкурентни, поевтини кинески производи, а во исто време бројни европски производители го преселија своето производство во Кина.

Така, од споменатата сума, 330.000 од нив ќе отпаднат на „западните“ марки како Tesla, BMW и групацијата Renault, дознава Automotive News Europe. На овој начин веќе доаѓаат Tesla Model 3, BMW iX3 и Dacia Spring. „Додека кинеските производители продаваат сѐ повеќе електрични возила во Европа, и европските и американските производители сѐ повеќе го префрлаат своето производство во Кина“, се заклучува во студијата.

Феликс Кунерт од PwC Германија вели дека европските производители се уште имаат големи проблеми во синџирот на снабдување, а моментално се фокусирани на производство на скапи електрични автомобили. „Кинеските производители, од друга страна, ги оптимизираа и ги развија своите производи на домашниот пазар, така што сега носат електрични модели со пристапни цени, иновативна технологија и нови концепти во Европа“, заклучува Кунерт.

Според оваа студија, уделот на кинеските производители на пазарот на електрични автомобили ќе скокне до 7,9%. Успехот на кинеските производители најмногу зависи од тоа како ќе се претстават пред Европа и каква репутација ќе стекнат, особено во премиум сегментот.

Кинеските производители ќе продадат околу 200.000 автомобили во Европа оваа година, од кои 90.000 ќе бидат електрични, а 40.000 ќе бидат plug-in хибридни. Околу 100.000 автомобили произведени од европски брендови таму, ќе доаѓаат од Кина.

Кабинетот на Штајнмаер : На Османи ѝ беше кажано дека се потребни конкретни чекори за ЗСО

Сојузниот претседател дополнително ја подвлече важноста од конкретни чекори кон формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство од страна на косовските власти“, изјавија за „Газета експрес“ од канцеларијата за медиуми на германскиот претсе

Кабинетот на германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер потврди во изјава за порталот „Газета експрес“ дека тој, во телефонскиот разговор со неговата косовска колешка, Вјоса Османи нагласил дека за зачленување на Косово во Советот на Европа потребни се конкретни чекори во правец на формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО) во Косово.

Во изјавата за приштинскиот портал се вели дека претседателот Штајнмаер ја истакнал поддршката на Германија за евроинтеграциите на Косово, за апликацијата на Косово во Советот на Европа, за значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредство на ЕУ, како и за целосна имплементација на Охридскиот договор.

„Во телефонскиот разговор со претседателката на Косово, Сојузниот претседател на Германија ја истакна поддршката на Сојузната влада за европската интеграција на Косово, апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа, како и значењето на продолжувањето на дијалогот меѓу Косово и Србија со посредувањето на ЕУ и на целосното спроведување на Охридскиот договор. Сојузниот претседател дополнително ја подвлече важноста од конкретни чекори кон формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство од страна на косовските власти“, изјавија за „Газета експрес“ од канцеларијата за медиуми на германскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Османи на 15 мај објави дека ден претходно имала телефонски разговор со германскиот колега, при што ја истакнала големата важност за успешно завршување на процесот за членство на Косово во Советот на Европа.

„Вчера разговарав со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, за да дискутираме за членството на Косово во Советот на Европа. Ја истакнав критичната важност за успешно завршување на овој процес, да обезбедиме што поскоро корист за сите наши граѓани од инструментите на Советот. Нашето членство не само што би било победа на човековите права во Косово, туку и победа на нашиот континент и на вредностите на кои тој цврсто стои“, објави косовската претседателка на својата официјална страница на „Икс“ на 15 мај.

Телефонскиот разговор меѓу Османи и Штајнмаер се случи неколку дена пред состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа и кога беше познат цврстиот став на Владата на канцеларот Олаф Шолц дека Косово треба да преземе конкретни чекори кон формирање на ЗСО со цел да се добие поддршката од сојузниците да влезе на дневен ред на Комитетот на министри на СЕ и да ги добие потребните гласови за членство.

Тен Хаг ги потврди лошите вести за Манчестер Јунајтед

Повредата на левиот бек, Лук Шо е покомплицирана од очекуваното и тој нема да може да игра на неделниот дуел со Брајтон од последното коло во Премиер лигата, призна менаџерот Ерик тен Хаг.

Оваа сезона, 28-годишниот дефанзивец има само 15 настапи за Манчестер Јунајтед. Тој моментално има повреда на мускулот и се очекуваше да се врати на терените пред крајот на сезоната, но се чини дека тоа нема да се случи. Сепак, постојат некои шанси англискиот репрезентативец да биде во тимот за финалето на ФА Купот против Манчестер Сити на 25 мај на „Вембли“.

Победата над Сити во финалето ќе го одведе Манчестер Јунајтед во Лига Европа. Во спротивно, „црвените ѓаволи“ ќе се надеваат дека ќе забележат подобар резултат против Брајтон отколку Њукасл против Брентфорд, за да се искачат на седмото место во Премиер лигата и да остварат пласман во Конференциската лига.

-Не можам да кажам дали Хари Мегваер или Лук Шо ќе играат за Англија на Европското првенство. Но, се надеваме дека и двајцата ќе бидат во ред за финалето на „Вембли“. Хари има поголеми шанси да учествува на натпреварот. Со Лук ситуацијата е посложена и да речеме дека има минимални шанси да игра, изјави Тен Хаг.

Тој исто така откри дека централните бекови Рафаел Варан и Виктор Линделоф веќе тренираат и најверојатно ќе бидат достапни за настап против Манчестер Сити. Ова е дополнителен бонус кон враќањето на Лисандро Мартинез. Аргентинецот се појави против Њукасл во неделата по долгиот третман на повреда. /МИА

Хамилтон кажа кој би сакал да го замени во Мерцедес

Позицијата во Мерцедес што Луис Хамилтон ќе ја ослободи на крајот од сезоната во Формула 1 е една од најжестоко дебатираните на пазарот на возачи во 2025 година.

Откако беше објавена разделбата на Хамилтон со Мерцедес, имињата на многу возачи се поврзуваат со местото на седумкратниот шампион. Сепак, некои од нив се тргнаа од равенката откако потпишаа нови договори со нивните сегашни тимови.

Ова е случај со Фернандо Алонсо и Алекс Албон, кои ги продолжија договорите со Астон Мартин, односно Вилијамс во последните недели. Така, вистински претенденти за местото покрај Џорџ Расел остануваат двајца - Карлос Саинц, чие место во Ферари ќе го заземе Хамилтон и Андре Кими Антонели.

И пред почетокот на викендот за Големата награда на Емилија-Ромања, Хамилтон зборуваше за медиумите во Имола и го именуваше Антонели за свој претпочитан наследник. Во моментов 17-годишниот Италијанец се натпреварува во Формула 2 и прави приватни тестови со Мерцедес, во кои импресионира со своето темпо.

-Искрено, не знам какви се плановите на Тото (Волф), но да бев јас, би го земал момчето. Да беше моја работа, би се обложил на Андреа Кими Антонели, изјави Британецот.

Во однос на Карлос Саинц, Хамилтон смета дека тој е добар возач и ќе биде голема предност за секој тим.

-Тој ќе биде позитивен адут за тимот што го зема, додаде пилотот.

притисни ентер