Еве што да направите доколку лицето покрај вас доживее срцев застој и падне во несвест

Во ваквите случаеви, секундите може да бидат пресудни, а мозочната смрт настанува за 10 минути.

Срцевиот застој, за жал, не е ретка појава. Во Европската унија, речиси 350.000 луѓе годишно доживуваат срцев застој. Од тој број, околу 90 отсто од случаите завршуваат фатално. Затоа е многу важно да ги научите основните принципи на кардиопулмонална реанимација (CPR), да обезбедите доволен број на масажи на срцето и веднаш да повикате брза помош, пишува британски Сан.

Се верува дека 70 отсто од случаите на срцев застој надвор од болница, се случиле дома, а половина од овие случаи немале никој присутен кој би им укажал помош. Доколку срцевиот застој се случи надвор од болница и се изврши кардиопулмонална реанимација, стапката на преживување е сепак ниска, но значајна и изнесува 10,8 проценти. Доколку дојде до срцев застој во самата болница, стапката на преживување е 25,5 проценти. Ако не се примени CPR, мозочната смрт ќе се случи за помалку од 10 минути.

CPR вклучува група на интервенции кои се вршат за да се обезбеди оксигенација, т.е. транспорт на кислород до клетките и циркулација, т.е. кружење крвта во телото за време на срцевиот застој.

Реанимацијата се користи за повторно враќање на виталните функции кај лицето кое доживеало срцев застој или застој на дишењето. Главната цел е да се пренесе дополнителна количина кислород до мозокот, срцето и другите витални органи додека со сложени медицински постапки повторно не се воспостави адекватна срцева акција и спонтано дишење. Реанимацијата се врши така што се изведува силен притисок на градната коска од 100 до 120 пати во минута. Најважно е брзата помош да пристигне на време.

Како да препознаете акутен срцев застој?

Губење свест

Престанок на дишењето

Губење на пулсот во големите крвни садови (вратот, бутовите)

Промена на бојата на кожата и на видливата слузокожа

Широки зеници (ова спаѓа во сигурни знаци)

-Срцевиот застој може да му се случи секому, во секое време, и колку побрзо лицето добие компресии на градниот кош (CPR) и дефибрилација, толку се поголеми шансите за преживување. Најлошото нешто што може да го направите при ваков итен случај на срцев застој е да не правите ништо, изјавил д-р Дејвид Бовен, стручњак за реанимација.

Истражувањето објавено минатата година покажа дека 74 проценти од луѓето знаат како да извршат CPR. И покрај ова, само 44 отсто биле доволно способни да изведат реанимација. Откако ќе се јавите на бројот за итни случаи, можете да започнете со компресија на градите.

Рачната реанимација се изведува на следниов начин:

- се вршат компресии во средината на градната коска

- поставете го коренот на дланката на средината на градниот кош, што одговара на долната половина на градната коска

-Другата дланка ставете ја врз дланката поставена на градниот кош и преплетете ги прстите на рацете (важно е притисокот да не е на ребрата)

- притиснете ја градната коска па ослободете го притисокот без да ги отстранувате рацете

- компресиите и повторувањата треба да бидат во ист ритам

- ритмичкото повторување на компресиите се врши додека пациентот не се освести или не пристигне брзата помош

-не вршете притисок врз абдоменот или долниот дел од градната коска, затоа што е важно рацете да бидат во средината на градната коска.

Внимателно следете ги упатствата на центарот за брза помош додека не пристигне амбулантното возило. Не е сеедно, вака можете да спасите живот.

Кај нас дефибрилаторите ги користат оспособени стручни медицински лица. Станува збор за медицински уреди кои создаваат електричен удар во срцето, а се користат за срцев застој. Дефибрилаторите не се користат откако срцето ќе престане да работи. Всушност, силната електрична струја за кратко време ја запира работата на срцето, кое работи неправилно или е блиску до застој. Ако активирањето на срцето со дефибрилација е успешно, нервните клетки од мозокот до запреното срце веднаш продолжуваат да испраќаат нови сигнали до срцето, па тоа продолжува да работи како порано. Откако срцето ќе застане, употребата на дефибрилатор е бескорисна.

Дефибрилаторите се користат од 1958 година, а нивната употреба е откриена случајно. Лекарите од болницата Џон Хопкинс во Балтимор, САД, во лабораторија испитувале како реагира срцето на куче на струен удар. Кога го извеле ова, забележале дека дошло до пулсирачки бран и лекарите сфатиле дека на овој начин можат да обезбедат делумно функционирање на крвотокот.

Извор: https://srecna.republika.rs/zdravlje/odrasli/16760/kako-otpoceti-reanimaciju-kod-srcanog-zastoja

10- годишно дете од САД си пресудило по малтретирањето на училиште-родителите 20 пати се жалеле

Десетгодишно момче од Индијана извршило самоубиство откако наводно било ужасно малтретирано на училиште, додека неговите родители тврдат дека 20 пати се пожалиле во училиштето.

Семи Теус се самоубил на 5 мај, а според неговото семејство бил малтретиран до ноќта пред смртта.

Неговите родители Сем и Никол тврдат дека момчето било физички и психички малтретирано на училиште, а наводно неодамна го претепале во училишниот автобус.

Малтретирањето започнало минатата година кога тој се префрлил во училиштето, пишува Дејли Мејл.

Според семејството, Сем 20 пати им кажал на наставниците и на другите вработени во училиштето за злоупотребата.

„Најпрвин го исмејуваа поради очилата, потоа поради забите. Тоа траеше долго. “, рече таткото на Семи.

Злоставувањето потоа станало физичко.

„Го претепаа во автобус, децата му ги скршија очилата. Се јавив во училиштето, ги прашав што ќе прават во врска со тоа, стануваше сѐ полошо и полошо“, рекол таткото.

Според него, училиштето знаело што се случува, а злоупотребата низ училиштето и во автобусот се проширила на социјалните мрежи.

Училиштето соопштило дека неговите родители ја пријавиле смртта како самоубиство и ги истражуваат тврдењата за злоупотреба.

Истрагата продолжува.

Скандалозен исказ на таткото, кој ги држел своите деца како заложници и пукал со калашников

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција.

Алекс Марку (40), кој ноќта меѓу вторникот и средата во Драч со часови ги држеше како заложници во станот своите две мали деца, додека пукаше со калашников, дал изјава во полиција и тврди дека направил сѐ за „да ги заштити децата од љубовник на жената“, објави Политико.

Марку рекол дека имал проблеми со сопругата и дека, како што тврди, таа нашла друг маж.

Таткото, кој испукал најмалку 18 истрели во станот и од балконот во Драч, тврдел дека ги зел децата „за да ги држи подалеку од момчето на жената“. Потоа, како што тврди таткото, „новиот дечко на неговата сопруга дошол да го нападне“.

Потоа, како што рече, со калашников излегол на терасата.

„Четири дена бев во стан на плажа со моите деца и сѐ беше супер. Жена ми побегна во Италија и малку се каравме. Последен пат кога се скаравме, таа отпатува за Италија и јас ги зедов децата и дојдовме во Драч.“

Марку рекол дека сѐ ескалирало кога „љубовникот дошол кај него“.

„И тогаш нејзиниот љубовник доаѓа да ме нападне во куќата и затоа пукав. Не сакав да има врска со децата. Го однесов детето на тераса кога пукав, па можеше да види дека никогаш не сум бил насилен кон децата“, тврди таткото, кој беше уапсен вчераутро по неколкучасовни преговори.

Медиумите јавуваат дека децата, кои биле извлечени неповредени од станот, сега се со својата мајка и го напуштиле Драч.

Не се знае со каква казна се соочува таткото.

Аеродромски работник падна од авион- му се лизнаа скалилата кога сакал да излезе (ВИДЕО)

Еден од работниците на аеродромот во Џакарта паднал од паркиран авион.

Скалите со помош на кои требало да го напушти леталото се лизнале непосредно пред да излезе, а бидејќи не забележал – паднал на земја.

Инцидентот, наводно, се случил на аеродромот во главниот град на Индонезија, Џакарта (CGK), кога еден од аеродромските работници излегувал од Airbus A320 (PK-TLB) на TransNus (8B), објави Aviation24. Видео кое кружи на социјалните мрежи јасно покажува како работниците на аеродромот ги отстрануваат скалите за качување/симнување додека човекот го напушта авионот.

Без поддршка на левата нога, работникот испаднал од авионот и завршил на земја.

Иако не се знае многу за здравствената состојба на работникот, голем број на специјализирани воздухопловни портали и профили на социјалните мрежи пишуваат дека тој скршил неколку коски и дека неговиот живот не е во опасност.Aviation24 јавува дека индонезиските власти започнале истрага за инцидентот.

Прагот на вратата на Ербас А320 е повеќе од три метри над земјата.

притисни ентер