ЕУ распореди четири хеликоптери и три авиони во земјава како помош за гаснење на пожарите

 Европската комисија донесе одлука да мобилизира помош за Македонија и Бугарија во справувањето со шумските пожари што ги зафатија двете земји, соопшти денеска портпаролот на ЕК за хуманитарна помош и справување со кризи Балаш Ујвари. 

- Со активирање на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во Македонија се распоредени четири хеликоптери и три противпожарни авион од Хрватска, Словенија, Србија и Турција, информира Ујвари.

Во Бугарија пак, според Ујвари, се испратени два хеликоптера за гаснење пожари од Чешка.

- Подготвени сме да мобилизираме и дополнителна помош. Како што знаете во пресрет на летото направивме значителни подготовки, ангажирајќи над 500 пожарникари, 29 авиони и четири хеликоптери за гаснење пожари распоредени низ цела Европа, додаде Ујвари.

ВМРО-ДПМНЕ: Со намалените цени за катастарски услуги парите остануваат во џебот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со исполнување на својата програма, продолжува да работи во корист на секој еден граѓанин.

Катастарските услуги поевтинуваат до шестпати. Или до милиони евра за една година ќе остануваат во џебот на граѓаните.Станува збор за намалување на цената на чинење за катастарските услуги за четири, пет, се до шест пати.

Дополнително, катастарот полека се ослободува од криминалот. Следат активности на надлежните органи за справување со корупцијата и криминалот.

Исто така, односот кон граѓаните станува поинаков, се намалуваат гужвите, се намалува корупцијата, предметите ќе се решаваат со ред согласно законските прописи. Колку за илустрација само за овие речиси помалку од два месеци се решени илјадници предмети. Сето ова дополнително ќе биде видливо за секој еден граѓанин.

Иако ВМРО-ДПМНЕ наследи уништени институции, за само речиси два месеци почна да ја елиминира корупцијата, парите да остануваат во џебот на секој еден граѓанин. Тоа ќе биде видливо од ден на ден. Институциите веќе се вратени на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

„Мета“ тврди дека ирански хакери се обиделе да упаднат во сметки на американски функционери

Мета, матичната компанија на Фејсбук, Вотсап и Инстаграм откри траги од обиди на иранска хакерска група да хакира сметки на Вотсап на американски функционери .

Мета, матичната компанија на Фејсбук, Вотсап и Инстаграм откри траги од обиди на иранска хакерска група да хакира сметки на Вотсап на американски функционери поединци поврзани со администрациите на американскиот претседател Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп.

Во соопштението на веб-страницата на корпорацијата се вели: „По истрагата за жалбите на корисниците, нашите безбедносни служби блокираа мала група на сметки на Вотсап...Истрагата откри врска со иранската хакерска група APT24 за која Мета тврди дека се занимава со онлајн фишинг за да таргетира политичари и дипломати.

Нападнатите сметки не беа хакирани.

Американските разузнавачки агенции овој месец соопштија дека Иран се обидел да се меша во кампањата за претседателските избори во САД со спроведување на кибер операции против изборниот штаб на републиканецот Доналд Трамп и демократската претставничка Камала Харис.

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тргнат рацете од синдикатите

Власта да ги тргне рацете од синдикатите, да ги остави да се борат за работничките права.

Она што гледаме дека повторно се случува е политичко мешање и притисок врз синдикатите од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова значи гушење на гласот на работниците, на синдикатите, за да ги замолчи. Целта е да се подели синдикатот и да нема притисок никаков врз власта за погрешните политики и тоа што нема покачување на платите.

Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше поголеми плати пред изборите на работниците сега станува јасно дека нема да го исполни ветувањето. Со оваа власт нема да има поголеми плати.

СДСМ со години реализираше успешен социјален дијалог, ги почитуваше и синдикатите и работниците а платите ги зголемивме во сите сектори.

ВМРО-ДПМНЕ сега ја враќа политиката на злоупотреба од 2015 година. Работниците да бидат предмет на корупција а синдикатите предмет на оцрнување.

СДСМ останува на страната на работниците, ние преку Собранието, но и преку сите демократски механизми кои ни се на располагање ќе вршиме притисок врз актуелната власта да ги промени погрешните политики, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер