Поради браната минатата година Ирак претрпе голем недостиг на вода. Акумулацијата на југоистокот на Турција ќе обезбеди 1 200 мегавати електрична енергија, но нејзината изградба наиде на остри критики во Ирак.
Владата во Ирак смета дека со оваа акумулација се загорзува едниот од двата главни извори за снабдување на земјата со вода. Осуди има и во Турција , бидејќи со полнење на акумулацијата под вода ќе се најде древен град , стар 12 000 години , а ќе бидат раселени и неколку илјади луѓе.
Ердоган уште во кампањата најави дека проектот Илис вреден 1,6 милијарди долари на турската економија ќе и носи 270 милиони долари годишен приход.
,,Со божја волја , ќе почнеме да ја полниме акумулацијата на 10 јуни.” ; рече денеска Ердоган.
Турција лани во јуни почна да ја полни акумулацијата , но прекина по жалбите од Ирак дека има недостиг на вода за пиење во земјата.