Ердоган се закани дека ќе прати уште џихадисти од ИД кон Европа : Еј ЕУ, Турција е различна !

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше Европската Унија поради нејзините постојани закани со санкции кон Турција и се закани дека ќе ги отвори вратите и дека ќе прати уште милитанти на Исламската држава кон Европа.

„Кажав и претходно. Можеби го потценувате ова. Таа врата ќе биде отворена. Почна испраќањето на членовите на Даеш и тоа ќе продолжи.“, изјави Ердоган користејќи го арапскиот акроним за Исламската држава.

„Тогаш ќе бидете препуштени самите на себе“, додаде тој.

„Не обидувајте се да ја загрозите Турција за активностите на Кипар“, им порача Ердоган пред новинарите, откако предупреди дека ЕУ ќе треба да обрне внимание за своите односи кон земја што примила четири милиони бегалци.

„Размислете за позицијата што ја имате против Турција, која држи голем број членови на Даеш во затвор и ги контролира на сириската страна“, предупреди Ердоган.

Тој исто така го критикуваше блокирањето на претпристапните преговори на Турција со Унијата и за кршење на ветувањата.

„Тие велат„ ќе наметнеме санкции. “Веќе наметнавте санкции кон нас од 1959 до 1963 година. Постојано ја кочите Турција и никогаш не ги исполнувате вашите ветувања“, рече турскиот претседател.

Турција може „веднаш“ да ги заврши преговорите за членство, смета Ердоган .

„Еј ЕУ, Турција е различна од земјите што сте ги знаеле досега“, повика во негов стил , Ердоган.

Преговорите на Турција за членство во ЕУ започнаа во 2005 година, но односите се влошија по обидот за воен удар во Турција во 2016 година.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер