ЕП забрани продажба на нови бензински и дизел автомобили што испуштаат јаглерод

Европскиот парламент денеска одобри забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили што испуштаат јаглерод до 2035 година, со цел тие да се тргнат од патиштата на континентот до средината на векот.

Земјите-членки на Европската унија веќе го одобрија законодавството и сега формално ќе го прифатат како закон на претстојниот министерски состанок, и покрај противењето на конзервативните европратеници, најголемата парламентарна група.

Поддржувачите на законот тврдеа дека тој ќе им даде на европските производители на автомобили јасна временска рамка во која ќе го префрлат производството на електрични возила со нулта емисија и ќе ги поттикне инвестициите за да се спротивстави на конкуренцијата од Кина и САД.

Ова, пак, ќе го поддржи и амбициозниот план на Европската унија до 2050 година да стане „климатски неутрална“ економија, со нето-нула емисии на стакленички гасови.

„Да ве потсетам дека од минатата година до крајот на оваа година Кина ќе донесе 80 модели на електрични автомобили на меѓународниот пазар“, ги предупреди европратениците потпретседателот на ЕУ, Франс Тимерманс.

Тој додаде дека тоа се автомобили кои ќе бидат сè попристапни.

„Ние треба да се натпреваруваме со тоа. Не сакаме да ја отстапиме оваа суштинска индустрија на надворешни лица“, рече Тимерманс.

Но, противниците тврдеа дека ниту европската индустрија, ниту многу приватни возачи не се подготвени за таков драматичен прекин во производството на возила со мотори со внатрешно согорување - и дека стотици илјади работни места се загрозени.

Групата ЕПП предупреди на, како што рече, „ефект Хавана“ - Европејците ќе продолжат да возат стари автомобили на бензин или дизел бидејќи не можат да најдат или да си дозволат возило на електричен погон.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер