Емилио Сера: Македонија де факто членка на НАТО, можно е Шпанија да го ратификува Протоколот до Самитот во Лондон

Македонија е де факто членка на НАТО, но дали Шпанија ќе го ратификува Протоколот за членство пред Лондон, жал ми е, но не можам ниту да потврдам, ниту да одречам. Можно е.

Ова во интервју за МИА го потенцира амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава Емилио Лоренцо Сера.

-Пред сѐ, дозволете ми да ви честитам, како на граѓанка на Македонија, за извонредниот успех што за само девет месеци ве ратификуваа 22 од 29 членки на НАТО. Тврдам дека ова е извонреден успех. Де факто, Македонија е членка на НАТО. Преостануваат само формалности. Но, со оглед на претходните искуства на членките во процесот на ратификација, обично се потребни една и пол до две години, или 18-24 месеци. А до самитот во Лондон ќе бидат изминати само десет месеци откако го потпишавте Протоколот. Значи сте постигнале крајно добар резултат. Факт е дека ќе ја прославите 70-годишнината од основањето на НАТО во Лондон со сите нас. Како гостин, вашиот претставник—било претседателот, било премиерот—ќе седи покрај генералниот секретар. Ако сте полноправен член, на некој начин, ќе бидете изгубени меѓу останатите 29 членки. А дали Шпанија ќе го ратификува Протоколот за членство пред Лондон, жал ми е, но не можам ниту да потврдам ниту да одречам. Можно е, вели амбасадорот Сера.

Според него, тоа не е толку поврзано со резултатот од изборите кои се закажанио за 10 ноември, годинава, колку што е, вели, со времето што треба да помине по изборите и начинот на кој се избираат членовите на Парламентот.

-Тоа е прашање за експертите по парламентарното право и жалам, тоа мене не ми е специјалност. Јас сум дипломат по професија, а таа област е крајно специјализирана, истакнува амбасадорот Емилио Лоренцо Сера во интервјуто за МИА, кое целосно заедно со видео материјалот ќе биде објавено утре. /МИА.

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер