ЕМА препорачува „бустер“ доза на три месеци по вакцинацијата

Регулаторот за лекови на Европската Унија (ЕМА) објави дека има смисла да се прими трета доза од вакцината против коронавирус три месеци по втората доза поради исклучително загрижувачките показатели за инфекција во Европа.

„Иако сегашната препорака е да се дава бустер по шест месеци, моментално достапните податоци ја поддржуваат безбедната и ефективна употреба на бустерите веќе три месеци по вакцинацијата“, рече на брифингот со новинарите Марко Кавалери, менаџер за стратегија за вакцинација на ЕМА.

Иако се појави новата варијанта омикрон, ширењето на доминантната делта варијанта на вирусот треба да биде главниот фокус на борбата против актуелниот бран.

„Имунолошката ситуација во Европа останува крајно загрижувачка. Делта останува главниот фокус на активностите на јавното здравство во справувањето со пандемијата и нејзините последици“, рече Кавалери.

Главниот извршен директор на ЕМА рече дека производителите на вакцини треба да достават резултати од лабораториските тестови за да се утврдат нивоата на неутрализирачки антитела произведени од нивните вакцини против омикрон, како дел од процесот на утврдување дали ќе биде потребна надградба на вакцината.

Партнерите BioNTech и Pfizer вчера станаа првите производители на вакцини кои објавија такви податоци, велејќи дека три дози од нивната вакцина може да го неутрализираат омикронот.

Кавалери, исто така, рече дека засега нема причина за загриженост по кампањата за вакцинација за деца на возраст од пет до 11 години во САД, каде што повеќе од пет милиони од таа возрасна група примиле најмалку една доза од вакцината.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека за повеќето луѓе, вакцините обезбедуваат силно ниво на заштита од сериозни инфекции најмалку на шест месеци.

Агенцијата на ОН нагласи дека распределбата на основните дози на луѓето во посиромашните земји треба да биде приоритет и дека во моментов им препорачува трета доза на луѓето со веќе постоечки здравствени проблеми или оние кои примиле инактивирачка вакцина.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер