Елвин Хасан: Ресен и целата држава се на прав пат од кој не треба да отстапиме

Ресен и целата држава е на прав пат од која не треба да отстапиме, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците Елвин Хасан, која е дел од коалцијата предводена од СДСМ, на трибината „На прав пат" во Ресен.

,,Ми претставува особена чест што сум дел од колаицијата со СДСМ, бидејќи заедно градиме едно општество за сите, концепт што отсекогаш е поддржуван од Турците, рече Хасан, додавајќи дека градиме општество на сите граѓани, во кое сите граѓани ќе ја чувствуваат земјата како своја.

Според партиското соопштение , Хасан соопшти дека во собранието се разгледува закон за права на помалуборјни заединци, со кој се вклучуваат граѓаните и сите општествени чинители во градење на политиките.

Работиме и на економските политики, од 2017 имаме повеќе 700 милиони странски директни инвестиции, отворивме над 50 илјади нови работини места, економијата е во пораст и така ќе продолжиме, истакна Хасан, кој е и министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

,,Со вашата поддршка на 12 април ќе ги завршиме почнатите проекти и ќе обезбедиме подобра иднина за сите граѓани, кои и вечерва го покажуваат единството што го градиме по сите градови и села, истакна потпретседателот на Партијата за движење на Турците, Хасан.

Принцот Вилијам е снимен на натпревар, фановите му се налутија (ФОТО)

Принцот Вилијам е снимен како ентузијастички навива за Астон Вила на првиот полуфинален натпревар во Лигата на Европа на УЕФА.

Натпреварот се одигра истиот ден кога принцезата Шарлот го прослави својот 9-ти роденден, а многумина го критикуваа Вилијам што не ја одвел неговата ќерка на натпреварот, која е голем љубител на спортот.

Имено, во април Вилијам беше снимен на натпревар, во првото појавување во јавноста откако се дозна дека Кејт има рак. Потоа на натпревар го однел синот Џорџ и биле снимени како навиваат заедно, а фановите збеснале што сега не ја одвел Шарлот, особено поради тешките моменти низ кои минува кралското семејство.

Инаку, на роденденот на принцезата традиционално е објавена нејзина фотографија направена од Кејт, а еден бизарен детал им падна во очи на многумина.

Испечатени се гласачките ливчиња за двојните избори на 8 мај

Се дистрибуираат гласачките ливчиња низ избирачките места во Македонија за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, објавува МИА според информации од Државната изборна комисија.

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

„Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК...

Драма на лет за Франкфурт- 70 патници наеднаш почнале да повраќаат, ги чекала Итна помош

На аеродромот во Франкфурт имало голема спасувачка операција поради летот на Кондор DE2315 од Маурициус до Франкфурт.

За време на летот, 70 од 290 патници ненадејно пријавиле симптоми како гадење и повраќање, пренесува магазинот Феникс.

По слетувањето во Франкфурт во четвртокот околу 17:30 часот, авионот го пречекале голем број возила за итна помош. Дури и била побарана помош од градот и локалната област.

Портпаролката на Кондор го потврди инцидентот и рече дека екипажот не бил погоден.

„Екипажот е едуциран и обучен за вакви посебни ситуации. По внимателно испитување на целата ситуација, летот продолжи, а авионот безбедно слета во Франкфурт, каде медицинските експерти беа достапни да се грижат за погодените патници“.

Но, зошто 70 луѓе се разболеле одеднаш? Дали се работело за храна?

„Кондор веќе започна истрага за случајот со цел да се открие причината и да се извлечат можни мерки од тоа“, продолжи портпаролката.

„Кондор тесно соработува со сите одговорни партнери и власти. Во моментов нема достапни резултати. Не сакаме да шпекулираме за причината, на пример поединечните менија што беа понудени во авионот, а кои беа подготвени во Маурициус“.

притисни ентер