Елизабета Наумовска: Буџетот за 2020 година е посветен на инвестициите во човечкиот капитал

СДСМ во својата изборна програма „За живот" вети, а сега и реализира повисоки плати во образованието.

За нас ЗБОРОТ Е ЗБОР!, а не само празни ветувања за покачување на плати, што во минатото владите на ВМРО ДПМНЕ предизборно им ги нудеа на вработените во образовните институции, а после секои избори наместо зголемени плати воведуваа се построги механизми и казни за контрола на овие вработени.

Вчера бевме сведоци на официјалното потпиштвање на спогодбите за покачување на платите во образованието помеѓу Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, и Министерството за образование и наука на РМ,

Изразено во бројки, со овие две спогодби, за основно и средно образование, од 1 јануари платите на околу 20.000 вработени во основните училишта и на околу 8.000 во средните училишта, ќе бидат повисоки за уште 10 проценти.

Ако на овие бројки се додаде покачувањето на платите на вработените во високо образовните установи, со околу 4.500 вработени, и на вработените во јавните научни институти, каде што се опфатени 220 вработени, се доаѓа до бројка од над 32.000 граѓани - вработени во образованието и науката кои добиваат повисока плата.

За потсетување, вработените во Јавните научни установи претходните месеци добија покачување на платите за 25% и се регулира исплатата на минат труд што во минатото никогаш не се случило.

Со покачувањето од 10 отсто од 1 јануари, вкупното покачување на платите во основното, средното, високото образование и во науката, ќе изнесува кумулативно скоро 21% имајќи ги предвид претходните две покачувања за смо една година (два пати по 5 проценти во септември 2018 и септември 2019).

Претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 7 години во образованието обезбеди покачување на платите во образованието за само 850 денари. Ние за 2,5 години ги покачивме за повеќе од 2000 денари.

Буџетот за 2020 година е посветен на инвестициите во човечкиот капитал.

Ветивме дека ќе дадеме целосна поддршка на наставниот кадар и ќе ја браниме честа, достоинството и автономноста на професијата наставник. Наставниците во Македонија ја заслужуваат таа поддршка, бидејќи без мотивирани наставници нема успешни образовни промени, зошто инвестицијата во образованието и инвестицијата во човечките ресурси е инвестиција за нашата иднина, за нашиот економски раст.

Образованието мора да биде визионерско и ориентирано кон иднината. Образование кое ќе ги пресретне, прифати и аплицира брзите научни и технолошки иновации и промени кои ќе ги одредат социо-економските перспективи.

НА ПРАВ ПАТ СМЕ и нема да запреме тука, зашто интензивно превземаме мерки, акции и законски одредби со цел да создадеме образовен систем кој ќе биде генератор на нашиот општествен и економски развој.

Вложувањето во човечкиот капитал во образованието, во наставниците, професорите и научните работници е само дел од чекорите НА ПРАВИОТ ПАТ по кој се движиме.

Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование и наука на СДСМ

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер