Елизабет Харли добила оштета од ,,Амазон” – и го згазиле кучето

Компанијата ,,Амазон” и исплатила обештетување на филмската ѕвезда откако нивниот камион за достава и го прегазил кучето.

Камион за достава на ,,Амазон” и го прегазил лабрадорот на Елизабет во нејзиниот имот во Херфоршајр. Кучето има нагмечено белодробно крило и скршена нога , кога 53 годишен доставувач налетал на него. По несреќата , Елизабет била скршена , зашто не верувала дека кучето ќе преживее , раскажува нејзината сестра Кејти.

Таа во денешното интервју за британските медиуми раскажува дека било вистинско чудо кога ветеринарот го спасил кучето. Елизабет побарала од компанијата да ги платат трошоците за лекување во износ од 2 000 фунти , што било одбиено .

Дури откако се заканила со судски спор , по девет месеци втората по богатство компанија во светот , се решила да го плати обештетувањето . Елизабет не кажува колкава сума добила од ,,Амазон”.

Роналдо го собори рекордот на Саудиска Арабија во една сезона

 Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо постигна асистенција на натпреварот од 32. коло на шампионатот на Саудиска Арабија со Ал-Хилал (1:1).

Триесет и деветгодишниот Португалец го собори рекордот во една сезона на овој турнир. Тој има 33 гола и 11 асистенции.

Претходниот рекордер беше Абдеразак Хамдалу, кој постигна вкупно 43 поени (гол+асистенции) во сезоната 2018/19.

Ал-Наср со 78 поени и се наоѓа на второто место во поредокот. /МИА

Во поплавите во централен Авганистан загинаа најмалку 50 луѓе

Најмалку 50 луѓе загинаа во поплавите што го погодија централниот дел на Авганистан, соопштија локалните власти.

Претставникот на авганистанската провинција Гор, Мавлави Абдул Хаи Заем изјави дека сè уште нема податоци колку луѓе се повредени во надојдената вода.

Тој информираше дека во поплавите целосно се уништени 2.000 куќи, а двојно повеќе се делумно оштетени.

Под вода се над 2.000 продавници во главниот град на провинцијата Гор, Фероз Кох. /МИА

Северна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување

Северна Кореја денеска потврди дека вчера тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

- Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија вчера соопшти дека Северна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случи само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух. /МИА

притисни ентер