Електрично автомобилче може да се вози без дозвола со месечен надомест од 19,99 евра (ВИДЕО)

Како што беше ветено, Citroen ја искористи својата идеја да направи попристапно патничко возило, по што пристигна малиот Ами.

Веќе се запознавме со атрактивниот автомобил пред околу една година кога беше претставен во Женева. Нема потреба да се трошат зборови за симпатичниот дизајн, но треба да се потенцираат екстремно компактните димензии, во должина од 2,4 метри и ширина од 1,39 метри. Има две седишта и погонот е електричен.

Батеријата од 5,5 kWh обезбедува опсег од 70 км, што е повеќе од доволно за секојдневните урбани услови. На ѕиден штекер батеријата се полни за околу три часа. Се напојува со електричен мотор од 8 КС и може да вози до 45mph.

Она што го прави посебен е фактот дека можат да го возат и луѓето кои немаат возачка дозвола. Исто така, нуди опции за споделување автомобили преку апликацијата Free2Move или долгорочно изнајмување со почетни 19,99 евра месечно. Цената во Франција ќе биде околу 6000 евра.

Нарачувањето ќе биде можно од 30 март годинава за Франција, а неколку месеци подоцна во Шпанија, Италија, Белгија, Португалија и Германија. Првите испораки на приватни купувачи се закажани за јуни во Франција. Продажбата на возилата „Ами“ на пошироката потрошувачка јавност ќе почне напролет во Париз, а ќе се однесува на возилата со лого „Free2Move“.

Вест Хем потврди разделба со Мојс на лето

Тренерот на Вест Хем, Дејвид Мојс ќе го напушти тимот на крајот од актуелната сезона, објави вечерва лондонскиот клуб на својот официјален сајт.

Неговиот договор со клубот истекува на лето, а според информациите, заминувањето на 61-годишниот Шкотланѓанец е резултат на меѓусебен договор.

Мојс е на чело на Вест Хем од декември 2019 година. Во сезоната 2022/23, тимот ја освои Конференциската лига. Шпанецот Хулен Лопетеги е фаворит за наследник на Мојс.

Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

притисни ентер