Електричната Г класа изненади со екстремните способности (ВИДЕО)

Не му е проблем качувањето по скали, ниту совладувањето на екстремните искачувања со возење наназад.

Ова се само дел од маневрите откриени во видеото објавено на каналот JerryRigEverything. Електричната верзија на G-Class или скратено EQG на пазарот треба да отвори сосема нова ниша на способни електрични теренци кои комбинираат луксуз и теренски способности со електричен погон.

Станува збор за прототип кој е снимен на полигонот Experience Center во Грац, Австрија, кој е целосно наменет за тестирање и демонстрирање на можностите на класата G. Благодарение на концептот со четири независни електромотори, EQG ќе биде способен за т.н маневар за вртење на резервоарот по моделот на американските теренци кои „сакаат“ да се вртат во место, дури и настрана (т.н. движење како рак).

EQG има двостепен менувач, каде што во прва брзина може да ги совлада најтешките терени. EQG нема проблем контролирано да вози по екстремни удолнини, но и по скали, па дури и во рикверц.

Заедно со возењето надвор од патот, оптимизиран е и аспектот на аеродинамиката, така што возилото добива додатоци кои го намалуваат отпорот на воздухот при возење. Резултатот, во комбинација со поголема батерија, би требало да биде со прилично пристоен опсег, но тоа е само претпоставка.

Областа каде Мерцедес не открива детали се оние поврзани со самиот погон. Значи, не знаеме какви се перформансите на овој модел, ниту колкав би можел да биде неговиот опсег, особено кога се вози надвор од патот. Само што дознаваме дека еден електричен мотор е доволен за да се вози EQG. Импресивно ако се земе предвид предвидената тежина од најмалку три тони.

Симулација на полагање на државна матура во две средни училишта во Штип

Во две средни училишта во Штип денеска се реализираше симулација на полагање на државна матура за матурантите, кои на 1 и 8 јуни официјално ќе полагаат државна матура.

Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип, изјави дека симулацијата ја прават по анкетирањето на повеќе од 100 матуранти, кои над 90 проценти одговориле дека сакаат да имаат пробно тестирање и да бидат дел од симуалцијата, со цел да видат како тече процесот, но и да го надминат стресот.

Во четирите средни општински училишта во Штип над 500 матуранти ќе полагаат матура во јуни.

-Овој проект првпат го реализираме годинава и се надеваме дека ќе продолжи и во иднина. Целта беше да се подготват учениците за полесно да го поминат тестот на државната матура, рече Санева.

Според директорката на Средното општинско училиште „Коле Нехтенин“-Штип, Јованка Шалева, од досегашните искуства самиот чин на полагање на државна матура предизвикува стрес кај учениците.

-Се случувало во минатото некој ученик да се соочи со здравствени проблеми пред полагањето на матурата или на самиот чин на полагање на матурата. Се случувало одлични ученици, коишто сметаат дека ги знаат одговорите, при брзање да направат грешки. Исто така, имаше и примери кога ученици го решиле тестот, меѓутоа не го пренеле на дополнителниот лист што е за одговори. Нашето училиште ја прифати идејата на општината бидејќи, на некој начин, ние ќе им го доближиме чинот на полагање на матурата, истакна Шалева.

Учениците коишто денеска беа дел од симулацијата на полагање на државната матура велат дека на овој начин можат да видат како се полагаат тестовите кои им се важни за да се запишат на некој од факултетите.

Симулацијата беше организирана во регионалниот електро-машински центар „Коле Нехтенин“ и во регионалното медицинско училиште „Јане Сандански“.

Индиските трупи ги напуштија Малдивите

 По барање од Малдивите, Индија целосно ги повлече своите трупи од архипелагот во Индискиот Океан, јави ДПА.

Портпаролката на претседателот на Малдивите Мохамед Муицу денеска го потврди потегот, јави локалната медиумска групација Сан.

Индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар претходно изјави дека војниците биле заменети со цивилен персонал од Индија.

Индиските војници беа стационирани на Малдивите, земја со тропски острови и атоли југозападно од Шри Ланка и Индија, од 2010 година.

Тие помагаа да се надгледува огромната морска област за нелегален риболов и шверц на дрога, а исто така помогнаа во транспортот на пациентите од оддалечените острови до болниците. Обезбедувањето поддршка во случај на катастрофи исто така беше дел од нивната мисија.

Малдивите традиционално потпаѓаат во сферата на влијание на Индија, иако Кина се повеќе бара пристап до стратешки важниот архипелаг на Индискиот Океан, пренесува ДПА.

Односите меѓу Индија и Малдивите се затегнати подолго време.

Муицу водеше кампања со ветување дека ќе го намали влијанието на Њу Делхи во корист на поголема улога на Пекинг и се обиде да стави крај на военото присуство на Индија.

Во исто време, тој ги интензивираше односите на неговата земја со Кина.

Малдивите се дел од кинеската инфраструктура и инвестициска иницијатива „Појас и пат“, но добиваат и развојна помош од Индија.

Град Скопје: Реакција и демант на изјава на Талат Џафери

Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува. 

На денешната прес конференција во Влада, ВД премиерот Талат Џафери избегнува одговорност и манипулира со некакви процедури само за него познати, лажејќи дека сопственост и надлежност на Град Скопје и ЈП “Паркови и зеленило“ било да се грижи за зеленилото во Влада.

Талат Џафери ако до сега не знае дека сам треба да си го уреди сопствениот двор, таа лекција ни денес нема да ја научи сигурно. Од ВД премиерот од Форино, што кога излегува од дома до Влада ги гаси попатно сите семафори и прави хаос низ градот, не е ни очекувано дека би требало да знае што е негова обврска, тој само знае какви бенефиции може да искористува.

ЈП “Паркови и зеленило” ги одржува градските булевари и паркови површини кои се надлежност на претпријатието согласно Закон, а ако сака ВД премиерот Талат од Форино да ги ангажира да работат во Влада за истото треба да си склучи Договор, исто како и секоја друга институција во Македонија.

Град Скопје

притисни ентер