Ел Салвадор: Во двор од куќа откриена масовна гробница на убиени жени

Властите во Ел Салвадор почнаа со ископување на тајна гробница зад домот на поранешниот детектив, бидејќи се верува дека таму биле закопани околу 40 тела од кои повеќето се женски.

Досега се откриени остатоци од најмалку 24 лица на имотот на куќата во општина Чалчуапа, на околу 78 километри северозападно од главниот град Сан Салвадор, јави „Гардијан".

Ексхумацијата на телата може да трае и следниот месец, соопштија локалните власти.

Потрагата почнала кога поранешниот полицаец Хуго Ернесто Осорио Чавез (51) бил уапсен на почетокот на овој месец откако убил една жена и нејзината ќерка. Осомничениот, кој бил под истрага за сексуални престапи, призна дека извршил двојно убиство.

Кога екипа за судска медицина извршила претрес во неговата куќа, биле откриени најмалку седум тела, од кои некои биле закопани година или две.

Инцидентот го актуелизира прашањето за фемицид во земјата од 6,7 милиони жители, со 70 инциденти од овој тип регистрирани минатата година.

Во Салвадор се регистрирани 111 убиство на жени во 2019 година, покажуваат полициски податоци.

Обвинителството во Салвадор издаде налог за апсење на уште деветмина осомничени кои можеби биле соучесници во злосторствата.

Директорот на полицијата во Салвадор, Маурицио Аријаза Чикас, рече дека меѓу осомничените има и поранешни полицајци, поранешни војници, како и шверцери и други лица кои мамеле жени во смрт.

Насилството врз жените во Латинска Америка, вклучувајќи убиства, се влоши за време на пандемијата на Ковид-19.

Во Мексико минатата недела беше уапсен 72-годишен маж под сомнение дека е сериски убиец на жени, откако во неговиот дом беа пронајдени останки на неколку лица, како дел од истрагата за смртта на помлада жена (36).

Јанчев: Обезбедена донација од 100 ротациони светла за тракторите

Ротациони светла за тракторите за поголема безбедност во сообраќајот.

Градоналачниот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека општината со помош на бизнис секторот обезбедила донација од 100 ротациони светла наменети за земоделските машини кои учествуваат во сообраќајот, како би се зголемила безбедноста.

Атлетик го продолжи договорот со Ернесто Валверде

Тренерот на Атлетик Билбао, Ернесто Валверде, го продолжи договорот со тимот, објави официјалниот сајт на баскискиот клуб.

Новиот договор со 60-годишниот фудбалски стручњак е со важност до летото 2025 година.

Валверде е на чело на Атлетик од јули 2022 година. Тој претходно во текот на својата тренерска кариера двапати работеше со тимот.

Атлетик по 36 кола се наоѓа на петтото место во шпанската Ла Лига со 62 бода. /МИА

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од Градскиот парк испраќа порака дека врсничкото насилство булингот може да има сериозни последици доколку не се превенира и спречи.

Денеска во Градскиот парк компанијата Макпетрол одржа музички хепенинг во рамки на кампањата Крени глас - Стоп за булинг каде учество зема и Општина Центар. Герасимовски оттаму порачува дека локалните самоуправи под чија надлежност се училиштата имаат одговорност да ги заштитат учениците од булинг.

-Врсничкото насилство е сериозен проблем кој најчесто започнува во основното образование и затоа ние како локални самоуправи имаме одговорност да ги преземеме сите мерки и активности за зголемување на безбедноста на децата. Секое игнорирање на меѓуврсничкото насилство може да остави трајни последици по личноста и семејството и согласно ова ние спроведовме бројни обуки за негово препознавање, превенирање и спречување, вели Герасимовски.

Општина Центар по приклучувањето на кампањата на Макпетрол веднаш спроведе низа работилници и обуки за наставниците и стручните соработници од училиштата за рано препознавање, превенција и спречување на булингот во основните училишта во општината. Обуките беа спроведени од еминентни универзитетски професори стручни во областа. Општина Центар по дојава на граѓани за врсничко насилство меѓу врсниците низ Дебар маало во соработка со МВР обезбеди зачестени полициски патроли и неколкупати заедно со родители и полициски службеници направи обиколка во Градскиот парк каде се собираат младите.

Градоначалникот Герасимовски потенцира дека во растењето и однесувањето на децата сите имаат одговорност.

-Воспитувањето доаѓа од дома, врсничкото насилство не смее да се игнорира. Затоа упатувам порака за отворена комуникација на родителите и стручните служби со децата бидејќи тоа е најдобриот начин да ги заштитиме. Да ги охрабриме децата да зборуваат, да зборуваме и ние, да реагираме и да ги заштитиме, порачува тој.

Општина Центар

притисни ентер