Ексклузивни гости на 37. Скопски џез-фестивал

Ексклузивност, уникатност и храбра програмска ориентација најави Скопскиот џез-фестивал за 37-мото издание кое ќе се одржува од 17 до 21 октомври на две локации во главниот град: Македонската опера и балет и Младинскиот културен центар.

- Речиси сите концерти што ја сочинуваат програмата на фестивалот се специјални и ексклузивни по својот карактер и не претставуваат дел од турнеите на музичарите. Исклучок е настапот на Дејвид Мареј квартет со Сол Вилијамс, што ќе го означи стартот на нивната европска турнеја, соопшти СЏФ.

Најдобриот британски џез-пијанист денес, Александер Хокинс, ќе дојде од Лондон во Скопје само за еден пијано џез-рецитал. Иновативниот гитарски херој Арто Линдзи ќе пристигне од Рио, каде што живее кога не живее во Њујорк, а во Скопје ќе му се придружи норвешкиот тапанар Паал Нилсен-Лав, еден од најактивните и најпродуктивните скандинавски музичари во последните две децении.

- Од Њујорк ни доаѓа веројатно најзначајниот и најкреативниот жив музичар во светот денес, трубачот Вадада Лео Смит, за единствена европска аудиовизуелна изведба на неговото ремек-дело „Reflections and Meditations on Monk”. Ексклузивен европски настап ќе има и култната њујоршка тројка „Хариет Табман“ (Harriet Tubman), предводена од еден од водечките светски џез-гитаристи, Брандон Рос, наведува фестивалот.

Специјален гостин ќе биде Трстон Мур - некогашниот фронтмен на „Соник јут“ (Sonic Youth) и една од највлијателните, најинспиративните и најреспектираните фигури на денешната музичка сцена.

- Со ексклузивни концерти ќе се претстават и младата скандинавска сензација, данската саксофонистка Мете Расмусен, уникатниот многуброен женски вокален состав „Трондхејм војсис“ (Trondheim Voices) со својот впечатлив аудиовизуелен перформанс, како и специјалното трио на португалската трубачка ѕвезда Сузана Сантош Силва со извонредниот холандски саксофонист, кларинетист и композитор Аб Баарс и со чикашката легенда Хамид Дрејк, најдобриот џез-перкусионист во 2018 година според списанието „DownBeat“. Од Финска, пак, за еден концерт доаѓа возбудливото и динамично џез-трио „Мопо“ (Mopo), додава СЏФ.

На последната фестивалска вечер Тони Китановски со концерт ќе одбележи 30 години музичка кариера. Тој ќе настапи прво со својот најнов проект, квинтетот „Панда 5“, промовирајќи го во живо новиот албум „Big City Scare”, а во вториот дел ќе му се придружат неколку негови музички пријатели и соработници.

Фестивалот ќе има и богата придружна програма: доделување на наградата „Златен орикс“ за најдобар млад џез-музичар во 2018 година, промоција на албумот „Big City Scare” на „Панда 5“ - најновиот состав на Тони Китановски, како и отворање на изложбата „Духовите на Африка - ритуална западноафриканска уметност“, во соработка со Музејот на Македонија и Музејот на африканската уметност во Белград.

Во рамките на 37. Скопски џез-фестивал ќе биде промовиран и манифест на Европската џез-мрежа (Europe Jazz Network) за родова еднаквост во џезот и креативната музика. /МИА

Арсовска: Мир, спокој, здравје и љубов за сите, честит Велигден

Мир, спокој, здравје и љубов за сите православни христијани, посака денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска од пред Соборниот храм, честитајќи го Христовото воскресение - Велигден.

- Посакувам да се сакаме, да се почитуваме, да имаме обѕир еден кон друг, да бидеме хумани, да бидеме солидарни и да покажуваме грижа еден кон друг, секој еден ден во годината. Нека е за многу години денот и празникот, порача Арсовска.

Ковачевски: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ

Ковачевски за Ден на македонскиот јазик: Македонскиот јазик денес е на исто рамниште со официјалните јазици во ЕУ, тој е темел на нашиот идентитет.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, упати честитка до граѓаните по повод денешниот ден, 5 мај, Ден на македонскиот јазик.

Во честитката, Ковачевски посочува дека денеска оддаваме почит кон создавачите на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

„Денеска кога го одбележуваме Денот на македонскиот јазик, оддаваме должна почит кон сите создавачи на македонскиот литературен јазик и ја продолжуваме мисијата за негова афирмација и заштита.

Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации. Со потпишувањето на договорот со ФРОНТЕКС на чист македонски јазик, го издигнавме нашиот јазик на исто рамниште со останатите официјални јазици во Европската Унија, на кабините за превод во ЕУ стои нашиот македонски јазик.

Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет, грижата за негово зачувување и унапредување останува наш приоритет, затоа што влог во јазикот е влог во иднината. Нека ни е честит 5 мај, Денот на македонскиот јазик“, вели во честитката, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

СДСМ

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

притисни ентер