ЕК: Изјавата на Аврамопулос не е став на Европската Комисија

Изјавата на еврокомесарот за миграција, Димитрис Аврамопулос, ги разбранува европските институции. ЕК вели дека тоа не е нејзин став, јави дописничката на МИА во Брисел.

Додека се чека на круцијалното гласање на грчкиот Парламент за Преспанскиот Договор, еврокомесарот за миграција, член на грчката Нова Демократија, даде изјава која е спротивна на ставот на ЕУ.

Тој во соопштение до медиумите изјави дека не го поддржува Преспанскиот Договор, кој го нарече "небалансиран" и "проблематичен". Ова е невообичаен потег за еврокомесар. Комесарите на ЕУ имаат должност да бидат национално и партиски неутрални според Повелбите на ЕУ.

Притоа, Европската Комисија, пред се, комесарот Јоханес Хан и високата претставничка, Федерика Могерини одиграа суштинска улога во постигнувањето компромис за спорот за името. Претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, договорот го нарече "историски".

Денеска во прес салата на Европската Комисија, новинарите бараа одговори од портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас, за односот на Аврамопулос.

-Ја повторувам позицијата која колеџот на комесари ја зазема едногласно, таа позиција беше јасно изразена од претседателот Јункер и комесарот Хан. Ова е важен договор за решавање на едно од најстарите прашања во регионот и прилика да се надмине минатото, не само во регионот, туку во цела Европа, рече Шинас.

Тој додаде дека ЕК сега го следи процесот во Грција и дека "единствено што е важно сега е гласањето на грчкиот Парламент, што суверено ќе одлучи за следните чекори".

Одговорот на Шинас не ги задоволи претставниците на медиумите, кои сакаа да знаат дали Аврамопулос може да биде опоменат поради неговото скршнување од усогласениот став на ЕК за важноста на оваа спогодба. На што Шинас, кој е инаку исто така по потекло од Грција и член на Нова Демократија, одби да одговори.

Новинарите бараа да знаат дали Шинас, исто така, ја поддржува изјавата на неговиот сопартиец и дали е прифатливо еден комесар да ги стави партиските интереси над оние на ЕК.

-Нема да навлегувам во анатомијата и контекстот, позицијата на ЕК е јасна, и тоа е сѐ што треба да запаметите, изјави тој.

Изјавата на Аврамопулос посебно ги изненади одделите во ЕК кои работат на проширувањето и на Македонија, од каде повторуваат дека ставот на комесарот за миграција "кој се шири во грчките медиуми нималку не е во согласност со ставот на ЕК".

И грчките европратеници од Сириза реагираа денеска, како Димитрис Пападимулис, кој на Твитер прашува дали Аврамопулос "оди против позитивниот став на ЕК за договорот, а ако не тогаш која му е целта?„

-Една нога не може да стои на два брода, пишува европратеникот, кој потсети дека Аврамопулос со месеци "молчи за Преспанскиот договор". /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер