Локалните власти за пукањето ги обвинија вооружените демонстранти.
Иран се соочува со најголемата суша во последните 50 години. Протести избија во неколку градови во провинцијата богата со нафта, Хузестан. Недостигот со вода влијае врз домаќинствата, го уништи земјоделството и сточарството и го прекина снабдувањето со електрична енергија.
Некои демонстранти пукаа во воздух, а други палеа гуми за да блокираат патишта, а безбедносните сили се обидуваа да ја растераат толпата. Демонстрантите лути на врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, извикува „Смрт за диктаторот" и „Смрт за Хамнеи".
Изминатите недели илјадници работници во клучниот ирански енергетски сектор, исто така, организираа протести со барање за подобри плати и услови за работа во јужните полиња за гас и некои рафинерии во поголемите градови.
Иранската економија е погодена од санкциите на САД и пандемијата со Ковид-19, работниците се жалат дека не им се исплаќаат платите, пензионерите со месеци протестираат, а стапката на невработеност изнесува над 50 проценти.