„Секој педагог би ви рекол дека ова е погрешно, бидејќи очигледно вие не гледате“ - се редеа коментари на сметка на родителите на ова дете.
Многу родители денес веруваат дека клучот за успехот на нивните деца е од мали нозе да ги насочат кон спорт, честопати со цел да постигнат нешто повеќе од нивните мајки и татковци. Во настојувањето нивните деца да постигнат забележителни резултати, родителите често ги форсираат тренинзите, верувајќи дека дисциплината и напорната работа можат да донесат блескава иднина. Иако многу спортски успеси доаѓаат преку вложен труд и вежбање од помала возраст, границата помеѓу поддршката и преголемиот притисок лесно може да се надмине. Во таквите ситуации, притисокот врз децата да постигнат високи стандарди може да стане преголем товар, што доведува до емоционални и физички проблеми.
Социјалните мрежи повторно затрепкаа откако една мајка од Русија, Петрова Екатерина објави видео од нејзиното дете како плаче додека вежба ритмичка гимнастика. На видеото се гледа како девојчето прави вежби за истегнување и додека се труди да го постигне високиот стандард на тренингот му течат солзи по лицето,. Иако мајката тврди дека е горда на достигнувањата на својата ќерка, реакциите на корисниците на оваа социјална мрежа беа јасни. Имено, видеото предизвика гнев и загриженост кај многумина.
- Моето мало силно девојче – напишала Екатерина во опис на видеото, на кое може да се слушне и тивкиот плач на нејзината ќерка, која е позната по успесите на натпреварите по ритмичка гимнастика.
Иако девојчето очигледно се труди, многумина не останаа рамнодушни на глетката која им беше тешка за гледање.
- Ова е сурово. Ме заболе желудникот додека го гледав ова!
- Луѓе мои, вака изгледа кога родителите своите комплекси ги третираат преку своите деца.
- Како можеш да се гордееш со ова? Фати ја за рака и однеси ја на сладолед, прошетај со неа! Денеска не ѝ е денот за тренинг.
- Ова толку многу ме повреди, сум поминала низ истото.
- Секој педагог би ви кажал колку е ова погрешно, бидејќи очигледно вие не гледате.
- Чиста злоупотреба на деца, од моја гледна точка.
- Јас сум тренер по гимнастика за деца на таа возраст и повторувам дека ова е чиста злоупотреба на деца. Ве молиме престанете! Без оглед дали еден ден ќе биде на Олимписките игри или не.
- Ова е премногу! Гледам дека и девојчето зад неа исто така плаче, родителите треба ги затворат!
- Ова е погрешно протолкуван коментар. Сигурно се подготвуваат за национален натпревар, ова истегнување боли доста, но во тоа е и поентата, бидејќи ако не боли, не го правите како што треба. Не се работи за злоупотреба, туку за професионален спорт.
- Ниту еден спорт, ниту еден државен натпревар не е вреден за солзите и болката на моето дете!