Едерсон го собори рекордот на Харт во Премиер лигата за чиста мрежа во Манчестер сити

 Голманот на Манчестер сити, Едерсон постави клупски рекорд по бројот на натпревари без примен гол во Премиер лигата.

Натпреварот од 26. коло на англискиот шампионат вчеравечер против Борнмут (1:0) беше 110. пат за Бразилецот да ја сочува мрежата на „Граѓаните“. Претходниот рекорд му припаѓаше на Џо Харт (109).

Едерсон го зазема 15-тото место во историјата на Премиер лигата по бројот на натпревари со „чиста“ мрежа. Рекордот му припаѓа на поранешниот голман на Челзи и Арсенал, Петр Чех (202).

Манчестер сити по 26 кола е втор во поредокот во Англиското фудбалско првенство со еден бод заостанување од лидерот Ливерпул. /МИА

Димовски за затворањето на случајот со бонусите на екс обвинителите од СЈО

Јас не велам дека бонусите не се законски, но еве обвинителот и покрај системот на хиерархија и субординација, нека ја убеди јавноста дека постапил законски.

Јас не велам дека бонусите не се законски, но еве обвинителот и покрај системот на хиерархија и субординација, нека ја убеди јавноста дека постапил законски и нека ги открие причините зошто го одзел предметот од обвинителката која го работела, изјави за Канал 5 новинарот Саше Димовски.

Кој во сведок мк. прв објави дека е затворен случајот за бонусите во СЈО.

Секако вели Димовски мора да има службена белешка за предметот од која ќе се утврди дали случајот бил целосно истражен.

-Спорно е што тој го одзел незавршениот предмет од обвинителката во последна фаза и ја отфрлил пријавата. Ако вештачењето утврдило дека се било законски со бонусите зошто јавноста не била известена за да нема сомнеж .Никој од екс обвинителите од СЈО не бил повикан да даде исказ, а пријавата е отфрлена само врз основа на вештачењето.Обвинителката не сакала да го затвори предметот, немало елементи да ја затвори пријавата, вели меѓудругото Димовски.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Влада: Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации

Не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации во јавноста, велат од владата.

Од владата демантираат и велат не е именуван вд. заменик директор на Идризово и СДСМ шири невистини.

Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен.

Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада.

Во однос на директорот на Затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело, велат иод владата.

Бесиан Ахмети од вчера веќе не е прв секретар во амбасадата во Брисел

Внукот на Али Ахмети, Бесиан Ахмети повеќе не е прв секретар за привлекување на странски инвестиции во амбасадата во Брисел.

МНР донесе одлука за негово повлекување по барање испратено од министерот за економија Бесар Дурмиши, во чие министерство Бесиан е вработен од 2022 година, а според министерот тој во рок од една година колку што и престојувал во Брисел нема постигнато никакви резултати.

Бесиан Ахмети бил испратен во Брисел во 2023 година со 4 годишен мандат, но наместо до 2027, тој во земјава треба да се врати следниот месец.

„На барање на министерството за економија и труд, МНР вчера донесе решение со кое на Бесиан Ахмети му завршува мандатот како прв секретар во Амбасадата во Брисел.“- МНР.

Во меѓувреме против Бесиан Ахмети и неговиот брат Дрин Ахмети, МВР поднесе кривична пријава, за злоупотреба со концесија за минерални суровини. Според пријавата, станува збор за концесијата која ја добила фирмата Еверест ЏД, во која актуелниот дипломат во Брисел Бесиан Ахмети бил директор до 2017-та, а потоа на негово место доаѓа неговиот брат Дрин Ахмети, а тие ја оштетиле државата за 27 илјади евра, кривични има и за седдумина други, дел службеници од министерството за економија, дел од државниот инспекторат за техничка инспеција, кои според пријавата на МВР го овоможиле прекршувањето на законите. Доцна синоќа се огласи Дрин Ахмети кој тврди дека од 2016 до 2024 година фирмата ги има подмирено сите давачки, и апелираа до МВР да ги проверат исказите во нивната истрага.

Од власта и денеска повикаа на одговорност.

„Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи.“-изјави Миле Лефков – ВМРО – ДПМНЕ.

Во меѓувреме, од засега непознати причини на 6 август на консултации во МНР е повикан и македонскиот амбасадор во Романија, Андерј Жерновски.

Освен Жерновски, на консултации во МНР досега беа повикани и амбасадорот во Обединетите Нации, Љубомир Фрчкоски, македонскиот амбасадор во Рим, Весел Мемеди, а по пописот во Албанија, на консулатции беше повикан и Данчо Марковски, но откако вината била лоцинара во претходното раководство на МНР во Скопје, кое не презело мерки за надминување на проблемите, тој се врати во Тирана да го заврши мандатот.

притисни ентер