Две жени се најдени во замрзнувач, закопани на нива на еден од осомничените-се бореле за децата

Две жени кои исчезнале додека возеле меѓу Канзас и Оклахома среде спорна битка за старателство, се пронајдени мртви во замрзнувач закопани во ранч за добиток изнајмен од еден од петте осомничени за нивните убиства.

Посмртните останки на Вероника Батлер (27) и Џилијан Кели (39) биле откриени додека властите истражувале куп ѓубре на имотот изнајмен од Тад Калум, еден од петтемина обвинети по две точки од обвинението за убиство, две точки за киднапирање и едно обвинение за заговор за убиство од прв степен.

„На 14 април 2024 година, замрзнувачот беше откопан и отворен. Телата на Батлер и Кели беа пронајдени во замрзнувачот“, се наведува во извештајот.

Сепак, не е наведено како двете починале, пренесува CNN.

Заедно со Калум, полицијата ја обвинила Тифани Адамс, 54-годишната баба на децата на Вероника која го делела старателството со неа, брачната двојка Кол Тумбли (50) и Кора Тумбли (44) и Пол Грајс (31).

Судските документи тврдат дека Адамс и Калум биле вмешани во заговор за убиство со Твомблис, мотивиран од битката за старателство меѓу Батлер и Адамс, која е баба на нејзините две деца.

Специјалниот агент Џејсон От од Државното истражно биро во Оклахома сведочел дека сите осомничени се познавале преку „антивладина група која имала верска припадност“.

Петмината осомничени се уште не ја признале вината во овој случај.

Жените исчезнале додека возеле за да ги видат децата.

Двете жени возеле од Канзас до Оклахома за Вероника да ги посети своите деца под надзор кога исчезнале на 30 март.

Нивното возило било пронајдено напуштено во близина на автопат во округот Тексас, каде што инспекторите пронашле крвава сцена со „докази за тешка повреда“, според документите за веројатната причина.

Инспекторите утврдиле дека Адамс купила три телефони, од кои сите ѕвонеле во близина на местото каде што бил пронајден автомобилот на Вероника и последната позната локација на жените пред нивното исчезнување.

Податоците од двата телефони ги довеле властите до пасиште изнајмено од Калум, каде што била ископана дупка и повторно наполнета.

Таа почва била ископана и откриени се две тела, подоцна идентификувани како Батлер и Кели, се вели во соопштението.

После тоа, осомничените се уапсени. Тие се задржани без кауција, а во јуни ќе се вратат на суд.

Видео: Гоца Тржан му одржа лекција на едно момче од публиката

Популарната пејачка Гоца Тржан имаше настап за своите фанови, а поради помлад фан мораше да го прекине концертот за јавно да одговори на неговите барања.

Пејачката Гоца Тржан важи за личност која често гласно ги искажува своите ставови.

Гоца на еден свој настап му „одржа лекција“ на едно момче од публиката кое негодуваше за нејзините песни и бараше да отпее нешто од репертоарот што пејачката го окарактеризира како „денешен минлив тренд во музиката“.

„Пеј нешто за нас“, викна еден дечко од публиката.

- Знаеш што, друже, јас не ги знам знам тие „дрнди мрнди“. Не учев за вечерва, дај кец. Има стари песни што можам да ги изведам. Не би сакала да ги набројувам сите брендови во светот, тоа ми е досадно. - рече Гоца Тржан и предизвика овации кај публиката, а потоа продолжи да ги пее нејзините хитови.

УНРВА: Десет деца дневно губат една или две нозе во Газа

Во просек по десет деца во Појасот Газа секој ден остануваат без едната или двете нозе, предупреди денеска шефот на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.

-Секој ден имаме во просек по десет деца кои остануваат без едната или двете нозе, рече Лазарини на прес-конференција во Женева, додавајќи дека тие податоци не ги вклучуваат децата кои останале без рака или шака.

Тој рече дека тие податоци се базираат на податоците на УНИЦЕФ.

-Десет на ден, тоа се речиси 2.000 деца по повеќе од 260 дена од таа брутална војна. Знаеме дека најчесто ампутациите се вршат во ужасни услови и понекогаш без никаква анестезија, а тоа важи и за децата, рече тој.

Лазарини го спомена и извештајот на невладината организација Save the Children во кој се наведува дека од почетокот на војната во Појасот Газа „исчезнале до 21.000 деца“, без разлика дали биле затрупани под урнатините, заробени, закопани во анонимни гробници или изгубени контакти со семејството и роднините./МИА

Видео: „ChatGPT“ пристигна во автомобилите на „Volkswagen“

„Volkswagen“ конечно го интегрира „ChatGPT“ во своите автомобили.

Оваа технологија ја има кај сите возила од семејството „ID“, како и кај новите модели „Golf“, „Tiguan“ и „Passat“.

Возачите ќе можат да пристапат до „ChatGPT“ преку гласовниот асистент, а тој може да ја контролира климатизацијата, навигацијата и многу повеќе.

„VW“ соопшти дека „ChatGPT“ ќе може да бара информации за туристички атракции или за резултат од спортски натпревар.

Исто така, се додава дека вештачката интелигенција ќе може дури и да прави математички задачи за деца.

Тие ги уверуваат корисниците дека нема потреба да се грижат кога станува збор за безбедноста, бидејќи информациите за возилото се испраќаат анонимно до гласовниот асистент само доколку системот „VW“ може да одговори на барањето, а подоцна автоматски се отстрануваат.

Извор: Б92

притисни ентер