Двајцата повредени рудари се во стабилна состојба

Двајцата повредени рудари од  рудникот за олово и цинк, поранешна  Тораница кои беа пренесени во општата болница во Куманово се во стабилна состојба.

Рударите се со полесни телесни повреди, хоспитализирани на одделението за хирургија и ќе останат на опсервација, потврдија синоќа од оваа јавна здравствена установа.

Директорката на болницата, Снежана Захариева, изјави дека двајцата рудари се надвор од животна опасност.

– И двајцата се во стабилна состојба, со оглед на тоа што имало експлозија со голем притисок што може да доведе до оштетување на долните респираторни патишта и на ушното тапанче кај рударите се направени прегледи од страна на специјалисти по интерни болести и специјалист по уво нос и грло, не се констатирани повреди, направени им се лабараториски испитувања кои се уредни, изјави Захариева.

Двајцата рудари ќе останат на хируршкото одделение во кумановската болница, а ќе им биде направена и компјутерска томографија./МИА

Земјотрес со јачина од 5,6 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на Индонезија.

Епицентарот се наоѓал на длабочина од 10 километри, оддалечен 224 километри од градот Амахаи, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Засега нема информации за повредени луѓе или причинета материјална штета.

Ново реално шоу - „Диетално Максимално“

Денеска во 16:00 часот започнува ново реално шоу - „Диетално Максимално“.

Емисија во која ќе се одберат пет кандидати, со цел да го променат својот животен стил. Целта е да стасаат до посакуваната тежина и да го променат својот изглед.

Забава, спорт, здравје и вкусни рецепти ќе бидат на менито секој ден.

Си денеска на средби со Макрон и Фон дер Лајен

Кинескиот претседател Си Џинпинг во рамките на државната посета на Франција денеска ќе се сретне со неговиот француски колега Емануел Макрон, како и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Си вчера пристигна во Париз, а од Пекинг претходно беше најавено дека за време на петдневната турнеја низ Европа, покрај Франција, ќе ги посети и Србија и Унгарија.

Ова е прва посета на кинески лидер на Европа во последните пет години.

притисни ентер