Два руски бомбардери 10 часа летале над неутралната зона на Алјаска

Два руски стратешки бомбардери Ту-95 извршиле планирани десетчасовни летови над неутралните води кај Алјаска, соопштило руското Министерство за одбрана.

Летот се случува еден ден откако претседателот Владимир Путин се пожалил од западните авиони во близина на рускиот воздушен простор.

Путин рече дека западните бомбардери носат „многу сериозно оружје“ додека летаат на растојание од 20 километри од руската граница. Во истиот говор тој рече дека Западот не ги сфаќа руските предупредувања доволно сериозно за да не ги премине „црвените линии“.

„Два носачи на ракети со долг дострел Ту-95МС извршија планиран лет во воздушниот простор над неутралните води на Беринговиот Теснец, Чукчиското и Охотското Море“, се вели во соопштението на руското Министерство.

Веќе лошите односи меѓу Вашингтон и Москва дополнително се влошија во последните неколку недели, бидејќи САД ја обвинуваат Русија дека и` се заканува на Украина, а Русија се жали на, како што ги нарекува, провокативните маневри на американските воени бродови во Црното Море.

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на заедничка вежба

КФОР, ЕУЛЕКС и косовската полиција утре на заедничка вежба, Улуташ: Ја демонстрираме готовноста за зачувување на регионалната стабилност.

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, заедно со Мисијата на Европската унија за владеење на правото, ЕУЛЕКС и полицијата на Косово утре ќе одржат заедничка вежба, насловена „Златна сабја 2024“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во денешното соопштение на КФОР се вели дека вежбата што ќе се одржи во кампот Врело ќе ги тестира вештините за спроведување заеднички процедури во справувањето со кризи и безбедносни сценарија.

„Во вежбата ќе бидат вклучени значителен број на персонал, возила и опрема кои ќе дејствуваат низ областа во која ќе се изведе, како и неговата околина и долж главните патишта. ’Златна сабја 2024‘ е одраз на нашата долгорочна соработка и посветеност за поддршка на стабилна безбедност на цело Косово, за доброто на заедниците“, се вели во соопштението на КФОР.

Командантот на КФОР, Озкан Улуташ вели дека оваа вежба ја симболизира посветеноста на мисијата на мирот и стабилноста на Косово и ќе ја покаже подготвеноста за зачувување на регионалната стабилност.

„Со здружување на силите и способностите, ја покажуваме нашата подготвеност да се справиме со предизвиците и нашата посветеност за зачувување на регионалната стабилност. Очекуваме успешно завршување на оваа вежба и постојана соработка меѓу сите вклучени“, рече командантот на КФОР.

КФОР како и обично нагласува дека продолжува да го спроведува својот мандат на ОН – врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност од 1999 година – да обезбеди безбедна средина за сите луѓе кои живеат во Косово, како и слобода на движење, во секое време и непристрасно.

„КФОР е третиот безбедносен одговор, по косовската полиција и Мисијата на ЕУ за владеење на правото (ЕУЛЕКС), кои дејствуваат соодветно како прв и втор безбедносен одговор“, велат од мировната мисија на НАТО.

Tаравари се сретна со европскиот емисар Питер Ванхоуте

Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце .

Претседателот на Алијанса за Албанците , Арбен Таравари во текот на денешниот ден одржа средба со европскиот емисар, Питер Ванхоуте.

"Денеска имавме добра и продуктивна средба со европскиот емисар г. Ван Хојтен. Европскиот пат на земјата ќе биде во сигурни раце!", пишува Таравари.

Потсетуваме дека дипломатот Питер Ванхоуте има мандат од Европската Унија како посредник за уставни измени.

Израелците со двеминутно молчење им оддадоа почит на жртвите на холокаустот

Израелците денеска одржаа двеминутно молчење за жртвите на Холокаустот, 80 години по убиството на шест милиони Евреи од страна на нацистите во Европа и Северна Африка.

Сирените се огласија низ Израел точно во 10 часот по локално време за комеморацијата на загинатите Евреи во Втората светска војна.

Пешаците и возилата запреа на улиците и главните автопати, а возачите и патниците излегоа со наведнати глави, јавија израелските медиуми.

По двеминутно молчење, почна церемонијата во Меморијалниот центар на холокаустот Јад Вашем во Ерусалим по повод Денот на сеќавањето на жртвите.

Синоќа во Јад Вашем, на почетокот на одбележувањето на Денот на сеќавање на холокаустот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека денес, како и тогаш, пред осум децении, доколку Евреите бидат принудени сами да се спротивстават на непријателот, Израел ќе го направи тоа.

- Пред осумдесет години во холокаустот, еврејскиот народ беше целосно беспомошен против оние кои тежнееја кон наше уништување. Ниту една земја не дојде да ни помогне. Денес повторно се соочуваме со непријател кој сака да не уништи, рече израелскиот лидер, алудирајќи на меѓународно спротивставување на воената операција во Рафа во Газа, закани со потерници од Меѓународниот кривичен суд во Хаг и критики за однесувањето на израелската армија во борбите на палестинската територија.

Нетанјаху рече дека нема притисок, одлука, меѓународен форум што ќе го спречи Израел да се брани. Тој го отфрли меѓународниот притисок да се запре војната во Газа.

- Како премиер на Израел, една и единствена еврејска држава, ветувам овде од Ерусалим на Денот на сеќавањето на холокаустот, ако Израел биде принуден да стои сам, Израел ќе застане сам, рече израелскиот премиер и оцени дека Израел не е сам затоа што безброј достојни луѓе ширум светот ја поддржуваат каузата на земјата.

Тој го спомена и американскиот претседател Џозеф Бајден, велејќи дека американскиот лидер е посветен на одговорноста научена од холокаустот.

- На Денот на сеќавањето на Холокаустот, жалиме за шесте милиони Евреи кои беа убиени во едно од најтемните поглавја во човечката историја, објави Бајден на X, додавајќи дека ја повторува својата посветеност на лекциите од Холокаустот и ветувањето за „никогаш повторно“.

притисни ентер