Два фемициди за две недели-невладините бараат системски одговор на родовото и семејно насилство

Според истражувањата во нашата земја, наведува Хелсиншки, во повеќе од 80 отсто од случаите убиството се случило во заедничкиот дом.

Невладините организации денеска реагираат на, како што посочуваат двата случаи на фемициди во две недели, што според нив укажува на тоа дека за многу жени домот е небезбедно место, како и дека постои апсолутна и итна потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици.

-Веднаш по донесувањето на првите мерки за заштита од вирусот КОВИД-19, Хелсиншкиот комитет посочи на ризикот од зголемување на семејното насилство во кризните услови со кои се соочуваме. Во неколку наврати Комитетот предупреди дека донесените мерки кои се засноваат на самоизолација, мора да бидат родовосензитивни и да ги имаат предвид сите аспекти на постоечките односи на моќ, за да не доведат до прекршување на правата на жените во нивните домови, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Изминатиов период, велат од комитетот, во медиумите излегоа објави за две убиства на жени од страна на интимен партнер, пред две недели во Арачиново и пред два дена во Скопје и додаваат дека фемицидот, или убиството на жена затоа што е жена, претставува најтешка форма на насилство врз жената, која е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво.

Според истражувањата во нашата земја, наведува Хелсиншки, во повеќе од 80 отсто од случаите убиството се случило во заедничкиот дом или доколку била почната постапка за развод, во домот на родителите на жртвата, а во најголем дел од случаите убиството е извршено од страна на сегашен или поранешен партнер.

– Оттука, имајќи предвид дека најчестиот вид фемицид е како последица на семејно насилство, домот може да претставува место на страв и насилство за многу жени и деца, што значително доаѓа до израз во случаите на изолација за време на пандемијата. Во случаи кога семејното насилство останува непријавено или пак, релевантните институции на жртвата не ѝ ја обезбедуваат соодветната заштита, поголема е веројатноста дека насилството ќе резултира со фемицид. Во нашата држава фемицидот не е препознаен како посебно кривично дело во Кривичниот законик и се квалификува како потежок облик на убиство, кога е сторено при вршење на семејно насилство. Оттука, останува проблематичен недостатокот на статистички податоци за фемицидите, за што најчест извор на неофицијални статистички податоци се известувањата и податоците на медиумите, велат од Хелсиншкиот комитет.

Вонредната состојба, додаваат, не смее да биде изговор за прекршување на човековите права на жените, а особено правото на живот и правото на живеење без насилство. Спречувањето на фемицидите подразбира преземање на сите неопходни чекори на сите нивоа на општеството. Поради тоа, уште еднаш потенцираме дека од особена важност во овој период е државите да пристапат кон изнаоѓање нови и креативни решенија за поддршка и заштита на жртвите, а со крајна цел спречување на потенцијалните фемициди. Непрепознавањето на насилството врз жените/родово базираното насилство и семејното насилство значително ја намалува довербата во надлежните институции. Оттука, Хелсиншкиот комитет апелира инситуциите да ги спроведуваат обврските кои ги преземаа со ратификацијата на Истанбулската конвенција.

Од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, велат дека фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост.

-По објавувањето на вознемирувачката вест за вчерашното убиство на млада жена во Скопје од страна на својот партнер, за неполни две недели во нашата држава бележиме 2 фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици, велат оттаму.

Ги повикуваат МВР, Основното Јавно Обвинителство и Министерството за труд и социјална политика за итно разрешување на случаите и покренување на соодветни постапки против сторителите.

-Постојано предупредуваме за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза, и повторно апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции. Очекуваме кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската Конвенција, велат од националната мреќа.

Оттаму додават и дека ќе ги следат случаите, постапувањето на институциите и преземените мерки, како и секој случај кој вклучува насилство врз девојки, жени и/или нивните деца./МИА

Битиќи: Одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата

Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи поднесе оставка од таа позиција.

Почитувани граѓани и граѓанки

Стојам пред вас со благодарност, но и со чувство кое ги надминува резултатите од парламентарните избори. Вашиот глас за листата на пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, на која бев ко-носител во втората изборна единица, не е само бројка – тоа е израз на доверба и верување во нас, за што го изразувам своето големо почитување.

Гласовите кои ги добивме претставуваат и огромна обврска. Обврска да продолжиме со нашата политичка мисија, обврска да го засилиме дијалогот и да ги слушаме потребите на нашите сограѓани. Но, дел од исполнувањето на оваа обврска бара и политичка одговорност, бара промена.

Како потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, обврзан на етички и демократски вредности, одлучив да поднесам оставка од функцијата потпретседател на партијата. Мојата оставка комплетно ќе се ефектуира кога останатите мои другари и другарки кои го сочинуваат партиското раководство ќе го направат истото – од првиот до последниот.

Во целата моја политичка кариера барам лична одговорност од сите чинители – и овој акт е токму тоа. А оставката на раководството е неопходен чекор кон враќање на довербата на граѓаните и трасирање на патот кон иден политички успех.

Упатувам апел дека оставката не претставува политички акт на пораз на социјалдемократската идеја, туку порака и предизвик за подобрување и преиспитување на СДСМ.

Прифаќањето на политичка одговорност нема да биде знак на слабост, туку израз на лична и партиска демократска зрелост, како и подготвеност да се промениме и да растеме – и ставаме приоритет на колективниот интерес пред личните амбиции.

Да се вратиме повторно меѓу граѓаните, да го слушнеме нивниот пулс и да ги разбереме нивните потреби и да се вратиме на нашите социјалдемократски вредности. Само на овој начин може да дојдеме до нови идеи, пристапи и енергија кои може да ја зајакнат визијата и стратегијата на СДСМ па да се вратиме со крената глава во политичката арена за да ја добиеме битката за европска Македонија – ветување кое го дадовме на граѓаните и кое им должиме да го исполниме.

И за крај: нека е ова новиот почеток кој ќе ги обедини сите искрени другари и другарки во идејата за социјалдемократија, во идејата за соживот, во идејата за Едно општество за сите каде владее правичноста, солидарноста и еднаквоста.

За силен и единствен СДСМ.

Извор: Фактор

Бајден ќе воведе построги правила за добивање азил на границата со Мексико

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има намера да го заостри пристапот до азил на границата меѓу САД и Мексико со нова регулатива што би можела да биде издадена уште утре, со цел намалување на илегалните преминувања, изјавија три извори запознаени со ова прашање.

Регулативата ќе бара мигрантите да бидат проценети во почетна фаза од проверката за азил за да се види дали треба да им биде одбиен азил и брзо да бидат депортирани, велат анонимните извори. Мерката се чини дека е ограничена по обем, додаваат тие.

Мигрантите ќе бидат проценети за забрана за барање азил врз основа на криминал и безбедносни закани, изјавија два извори. Белата куќа не одговорила веднаш на барањето за коментар.

Американскиот претседател Бајден, демократ кој бара уште еден мандат, се соочи со рекорден број мигранти фатени додека ја минуваат границата меѓу САД и Мексико откако ја презеде функцијата во 2021 година.

Поранешниот претседател Доналд Трамп, републиканскиот противник на Бајден, го критикуваше актуелниот претседател за повлекување на порестриктивните политики што тој ги воведе за време на неговиот мандат.

Симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се собираат на плоштадот „Македонија“

Прославата започна, доаѓаат реки од луѓе кон плоштадот, пристинга и дел од раководството на партијата.

Се очекува да пристигне и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој се очекува да одржи говор пред насобраните граѓани.

На плоштадот „Македонија“ е Дејан Трајковски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер