ДУИ: Мицковски продолжува со измислици, цела комуникација со ДУИ веднаш нека ја објави

Демократската унија за интеграција цени дека премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи, продолжува да клевети .

Демократската унија за интеграција цени дека премиерот на Владата без етнички легитимитет, во недостиг на аргументи, продолжува да клевети и да создава непостоечки ситуации кои служаат за моментален дефокус за да се извади од срамните секојдневни ситуации.

Прво беше станот во Бутел со вооружени луѓе, потоа заклетва дека никогаш нема да го признае уставното име и договорот од Преспа, потоа зборуваше дека државата ќе се дестабилизира во септември, го нарече и проектот Коридор 8 епски коруптивен криминал и на крајот рече дека тоа е историско достигнување, рече и дека ќе го укине покачувањето на платите од 78% за функционерите и многу други работи кои се докажаа дека се лаги.

исто како и се претходно, и „смс“ пораките од ДУИ се лаги.

Бараме Мицковски веднаш да ги објави вечерва, во спротивно ќе биде обична лага и клевета од собраниската говорница.

ДУИ останува посветена на сопствените приоритети и на граѓаните, кои за жал оваа Влада без етнички легитимитет ги нема, туку напротив не оддалечува од Европа и од добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи.

Вучиќ разговарал за санкциите на САД за НИС со американскиот потсекретар: Нема добри вести

Српскиот претседател Александар Вучиќ имаше, како што изјави, отворен, искрен и тежок разговор со потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина на САД, Хозе Фернандез.

Разговарале, како што рекол, за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката, објави Телеграф.

-Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам целосните детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува стабилноста и енергетската безбедност - напиша Вучиќ.

Финска енергетска компанија бара заплена на танкерот кој наводно го пресекол подводниот кабел

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес.

Компанијата која е оператор на финската електроенергетска мрежа Фингрид денеска соопшти дека побарала од судот во Хелсинки да го заплени нафтениот танкер Игл Ес во обид да ги обезбеди своите побарувања како отштета за штетата на подводниот кабел за пренос на енергија Естлинк 2.

Финската агенција за транспорт и комуникации претходно денеска соопшти дека ќе изврши контрола на нафтениот танкер „Игл Ес“, кој е осомничен дека припаѓа на руската „фантомска флота“ и дека предизвикал оштетување на подводен кабел во Балтичкото Море.

„На 2 јануари 2025 година, Финската агенција за транспорт и комуникации (Трафиком) ќе започне контрола на танкерот ‘Игл Ес’,“ соопшти директорката на Трафиком, Сана Сонинен, прецизирајќи дека инспекцијата ќе биде дополнување на истрагата што ја води финската полиција.

- Инспекцијата ќе ја извршиме на начин што нема да пречи на полициските операции и истрагата, потенцираше Сонинен.

„Игл Ес,“ кој плови под знамето на Кукови Острови, е осомничен дека на католички Божик го оштетил подводен електричен кабел „ЕстЛинк 2“, кој ги поврзува Финска и Естонија низ Балтичкото Море.

Танкерот беше спроведен со придружба до пристаништето Килпилахти, на 40 километри источно од Хелсинки, каде што истражителите го прегледуваат и го испитуваат неговиот екипаж од околу 20 лица. Од вторникот, седуммина морнари се под сомнение и им е изречена забрана за патување.

Се сомнева дека „Игл Ес“ е дел од руската „фантомска флота“ – бродови што превезуваат руска сурова нафта и нафтени производи под ембарго.

Во петокот, НАТО објави дека ќе го засили своето воено присуство во Балтичкото Море.

По руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, во Балтичкото Море се регистрирани бројни слични инциденти. Според експерти и политичари, овие акции насочени кон енергетската и комуникациската инфраструктура се дел од хибридната војна меѓу Русија и западните држави.

На 17 и 18 ноември, во шведски територијални води беа прекинати два телекомуникациски кабела. Стокхолм го сомничи товарниот брод „Ји Пенг 3“, кој пловел под кинеско знаме, дека бил во областа кога се случил инцидентот.

Европската Унија најави зајакнување на мерките за заштита на подводните кабли, преку подобрување на размената на информации, примена на нови технологии за откривање и поправка и засилена меѓународна соработка.

Автомобил излетал од патот кај село Рашче и паднал во Вардар

Во СВР Скопје попладнето во 16 часот е пријавено дека на локалниот пат за село Рашче патничко возило излетало од патот и паднало во река Вардар.

Од МВР за МИА информираа дека веднаш на местото на настанот се упатени полициски службеници и Итна медицинска помош, а екипа на САЕ Тигар презема мерки за вадење на автомобилот.

На лице место е и јавен обвинител.

притисни ентер