ДУИ: Економијата на државата тоне

Демократската Унија за Интеграција денеска одржа Прес-конференција на која го соопшти за бројните неуспеси на Владата во однос на економскиот развој, зголемувањето на стандардот на граѓаните и финансиската стабилност.

ДУИ потенцираа дека наместо Владата да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции, тие го направија спротивното, скратија капитални проекти кои влијаат на економскиот развој на државата, како што беше случајот со кратењето на средствата за изградба на коридорот 8, училиштата, студентски домови, спортски објекти итн.

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Почитувани претприемачи,

Денеска сме тука да ја информираме јавноста за многуте неуспеси на оваа нелегитимна Влада, која не презеде ништо во однос на економскиот развој, зголемувањето на стандардот на граѓаните и финансиската стабилност на државата.

Наместо Владата да ја забрза реализацијата на капиталните инвестиции, тие го направија спротивното, скратувајќи ги средствата за капиталните проекти кои влијаат на економскиот развој на државата, како што беше случајот со кратењето на средствата за изградба на коридорот 8, училиштата, студентските домови, спортските објекти, итн.

На тој начин тие негативно влијаат на индустриското производство на земјава, на реализацијата на инвестициите, но и на намалувањето на капацитетите на компаниите за извоз. И сето тоа ќе влијае на нереализирање на растот на Бруто домашниот производ.

Освен лошо смислениот и неразвојниот ребаланс, не е преземен ниту еден чекор за зголемување на животниот стандард на граѓаните како што се:

* Зголемување на минималната плата на минимум 450 евра или 57% од просечната плата во приватниот и јавниот сектор, со цел да се олесни семејниот буџет на граѓаните кои се соочуваат со потешкотии при исполнувањето на месечните обврски, поради фактот што цените континуирано се зголемуваат.

* Целосна имплементација на Законот за забрана на нефер трговски практики каде што над 2500 производи не можат да имаат маржа поголема од 10% од трговците на големо и мало.

* Ветеното покачување на пензиите, кое требаше да биде 2500 денари, а во просек се зголемија за не повеќе од 510 денари, не ги покрива ниту минималните трошоци на пензионерите во државата.

* Зголемување на помошта за социјалните категории и корисници на програмата за енергетска сиромаштија

* Почеток на реформи во делот на намалување на придонесите што ги плаќаат работодавачите и вработените, што ќе влијае на зголемување на платите во приватниот сектор.

И многу други мерки кои беа ветени, но за кои нема ни иницијатив од соодветните ресори, напротив, институциите се во тотален хаос, безидејно и без ефикасност.

Ќе го издвоиме ветувањето, кое е толку смешно колку и навредувачко, за доделување по 10.000 евра на секој граѓанин, ветување од коалициската ВРЕДИ!!!

За жал, се случи спротивното, наместо Владата да го држи под контрола јавниот долг, таа го зголеми истиот за повеќе од 180 милиони евра, и тоа со сомнителни, нетранспарентни заеми и задолжувања, со високи каматни стапки од 3,25% за кои земјата треба да плати различни концесии. И токму за тоа, соодветните институции треба да преземат соодветни мерки бидејќи имаат информации дека кредибилни меѓународни институции имале понуди за поповолни заеми со камата под 3,25%.

Во овие 100 дена немаме ниту една странска или локална инвестиција, напротив имаме целосна блокада од страна на Генералниот секретаријат во остварувањето на обврските кои произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде од сомнителни причини десетици локални компании не добија поддршка за зголемување на нивните производствени капацитети, зголемување на извозот, но и зголемување на платите на илјадници вработени во приватниот сектор.

Почитувани граѓани,

Најдобар показател дека економијата на земјата тоне се извештаите на заводот за статистика на земјава, каде што после долги години имаме:

* Пад на индустриското производство за 1,6%

* Намалување на просечната плата во земјава за 3% во однос на август-јули

* Намалување на извозот во август во однос на јули за 2,5%

* Намалување на бруто инвестициите во земјава

* Пораст на цените за 4,6%, при што кај одредени производи зголемувањето на цените на основните производи е двојно поголемо

* Неплаќање на околу 100 милиони евра, за враќање на ДДВ

* Најавите за пораст на цената на дериватите

Сите овие податоци се доволни показатели дека Македонија е во економска криза, а БДП ќе биде најниска во регионот.

Демократската унија за интеграција ги повикува институциите итно да преземат конкретни мерки

* за зголемување на минималната плата на минимум 450 евра, и на линеарен начин за сите други плати во државата.

* за субвенционирање на локалните компании за зголемување на нивната конкурентност

* да се покријат патните трошоци на вработените чие работно место е на повеќе од 15 km од местото каде што живеат

* да започнат реформи за намалување на придонесите за бизнис секторот, да ги задржат своите вработени и да имаат можност да ги зголемат платите во приватниот сектор

* помагање на компаниите да стекнат нови пазари за извоз

* да се врати методологијата за зголемување на пензиите, врз основа на порастот на инфлацијата и просечната плата во државата

* намалување на цената на струјата за домаќинствата и микро и малите компании, имајќи предвид дека веќе нема енергетска криза

* да се интервенира во делот на акцизите и даноците, за да нема значително зголемување на цените на дериватите.

ДУИ

Анчелоти за повредата на Карвахал: Во соблекувалната има нервоза и тага

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ги кажа деталите за повредата на одбранбениот фудбалер Дани Карвахал, која ја доби на крајот од синоќешниот натпревар од 9. коло на Ла Лига против Виљареал (2:0).

- Карвахал е сериозно повреден. Многу ни е жал. Докторот ми кажа дека го повредил коленото. Во соблекувалната владее нервоза и тага. Се случи нешто што не требаше да се случи. Ова често се случува поради густиот натпреварувачки календар. За жал, ова се случи со многу важен играч за нас, изјави Карло Анчелоти на прес-конференцијата по натпреварот.

Триесет и двегодишниот Шпанец ги скина вкрстените лигаменти на десното колено по дуел со противнички играч за време на судиското надополнување и заврши на тревата. Теренот го напушти на носилки./МИА

„Франција во светлина“ – спектакл на „Бела ноќ“ во Скопје

Да патуваме и сонуваме и секој да ја отсонува својата приказна. Тоа е пораката која на 20-то издание на „Белата ноќ“ во Скопје ја испрати француската театарска трупа „Кидам“.

Пеформансот насловен како „Сонот на Ербер“ предизвика големо внимание кај јавноста, а започна од Музејот на Град Скопје.

Пет луѓе, трансформирани во џиновски фигури продефилираа по улица Македонија, предизвикувајќи насмевки кај присутните, а најмногу кај децата

Потоа, тие кратко време се задржаа на плоштадот „Македонија“, и прегрнувајќи ги уличните канделабри. Веднаш после тоа, се упатија кон плоштадот „Карпошово востание“ преку Камениот мост.

Таму, следуваше главниот магичен ритуал и преку музика, фигурите овозможија една ѕвезда да се издигне на небото.

Директорот на Францускиот институт во Скопје, Иго Бештел не го криеше задоволството што „Кидам“ се претставиле пред скопската публика.

Голем дел од присутните со насмевка го проследија перформансот. Велат, не очекувале ваков ритуал и посакуваат вакви настани да има што почесто во земјава во иднина.

-Убаво, убаво. Навистина интересна точка. Не очекував дека вакво нешто ќе се случи тука. Прекрасно изненадување, морам да кажам.

Инаку, француската театарска група „Кидам“ е основана во 1994 година, а имаат повеќе од 150 настапи годишно во повеќе земји. Во групата членуваат 27 уметници и техничари.

Спектаклот „Сонот на Ербер“ беше еден од дваесетина настани што синоќа се одржуваа на повеќе локации во Скопје во рамките на „Бела ноќ“.

Инаку, настанот го организираше Францускиот институт во Скопје по повод 50 години од своето постоење.

Изет Меџити даде отчет за сто дена Влада

Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска даде отчет за сработеното во стоте дена Влада. 

На новинарско прашање кажа дека борбата против загадениот воздух е приоритет број еден.

притисни ентер