Во извештајот на ДСЗИ се вели дека било констатирано дека за време на прегледот на бебето во дежурната амбуланта немало специјалист.
-При надзорот е констатирано дека на клиниката се уште не е решен проблемот со задолжително присуство на специјалист во дежурната амбуланта, а за кое во дсзи се води прекршочна постапка. и понатаму медицинската докуметација се креира и од страна на доктори кое не се присутни на работа или во дежурна амбуланта за што од страна на дсзи е веќе издадено решение чии рокови течат, се вели во извештајот на ДСЗИ.
Според инспекторатат, Законот за здравствена заштита предвидува дека за прием на пациенти прегледани на Клиниката како итни случаи, доколку прием не е извршен установата е должна да издаде писмено образложение за причините за одбивањето за болничко лекување, што не било постапено во случајот со седуммесечниот Дамјан.
Директорот на болницата и самата установа за овие пропусти ќе бидат парично казнети, по принцип на порамнување, што значи дека засегнатите лица ќе бидат повикани на средба на која, доколку се појават ќе добијат можност за помала казна. Во спротивно, ќе следува прекршочна постапка.
Таткото на починатото бебе, за канал 5 вели дека правдата ќе ја бара на суд, за оваа трагедија да не му се повтори на ниту едно друго дете. Вели ако му било објаснето дека во моментот нема специјалист во болницата, тој својот син за да го спаси ќе го однел во друга болница.
Директорот на Детска клиника, Мемеди денеска беше повикан на средба кај министерот Таравари, но нема информации за што се разговарало.