ДСЗИ: Нема ништо спорно во работата на „Клиниката Жан Митрев“

Во клиничката болница „Жан Митрев се работело се под конец онака како што било пропишано според дозволата за работа за вршење на здравствената дејност издадена од Министерството за здравство.

Ова било утврдено од страна на вонредниот инспекциски надзор од страна на инспекторатот.

Денеска од клиниката испратија кратко соопштение до медиумите.

„Инспекторатот соопшти дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ во врска со исполнувањето на законската обврска на здравствената установа за вршење на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019г“.

Но, медиумите не добија одговор ниту од инспекторатот ниту од Министерството за здравство што имало се во решението кое било издадено во март оваа година.

Дали тогаш се дозволило Жан Митрев да оперира бебиња, иако на прес конференцијата во влада кога се прогласи соработката помеѓу државата и приватната болница беше посечено дека Владимир Чадиковски ќе оперира бидејќи е единствен лиценциран детски кардиохирург.

Она што медиумите како соопштение го добија денеска од министерството за здравсто е за подобрувањето на условите на неколку болници во Македонија и за завршувањето на првата фаза во градската хирушка болница Св. Наум Охридски.

Информации и коментари за овој скандал нема. За овој случај како институција се огласи само антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отворила случај за договорот помеѓу ФЗОМ, здравство и болницата „Жан Митрев“.

И по овој прес немаше реакција ниту од министерството за здравство ниту од фондот.

Денеска во кратко соопшение повторно се огласија од приватната клиника „Жан Митрев“ кои ја поздравуваат иницијативата на комисијата за испитување на случајот со детската кардиохирургија и ветуваат отворена соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер