Државното правобранителство од денеска стапува во штрајк

Штрајкот во Дражавното правобранителство ќе трае се додека не им се исполнат нивните барања.

Вработените во Државното правобранителство од денеска стапија во штрајк и ќе работат само на итни предмети се додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на плата, а од следниот вторник со истото барање почнуваат со протести најмалку четири министерства, вели претседателот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Штрајкот во Дражавното правобранителство ќе трае се додека не им се исполнат нивните барања, кои освен додаток на плата се потпишување на колективен договор и носење на закон на државно правобранителска служба.

-Во минатото во неколку наврати имавме контакти и работна средба со новиот ДП од негова страна има волја да се реши проблемот , но проблемот на крај секогаш завршува во МФ кое треба да ги одобри средствата за исплата на додаток на плата. Се работи за многу мала група на вработени само за 120, и трошокот на МФ и трошокот на Буџетот би бил премал за да дозволиме овие работници да штрајкуваат.- Трпе Деаноски - претседател на УПОЗ

Деаноски вели дека утре ќе одржат состанок со синдикалната организација на министерствата, на кој ќе треба да се утврди кои се министерства ќе се приклучат и другите детали за протестот кој бил договорен да се одржи на 14 јануари. Досега, како што велат од УПОЗ, потврдено било дека протести ќе има во министерството за економија и труд, за правда, за администрација и за животна средина. Барањето за мислење од финансии Деаноски вели го поднеле пред да се изготви буџетот за годинава, но одговорот кој го добиле оттаму бил дека во државната каса немало средства за потпишување на овие колективни договори.

-Секое министерство се обрати до МФ пред носење на буџетот кај што се побара потпишување на колективен договор каде би се регулирале повисоки додатоци на плата за вработните, но од страна на МФ сите други министерства беа одбиени. - Трпе Деаноски - претседател на УПОЗ

Неодамна Министерството за финансии даде зелено светло за колективните договори за Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, дел од здравство, образование и финансии кои ги добија 30-те отсто.

Сопственикот на Ф1, Либерти Медиа, назначи нов извршен директор

 Дерек Чанг на 1 февруари ќе ја преземе функцијата претседател и извршен директор на Либерти Медиа, компанијата која е сопственик на Формула 1.

Претседателот и извршен директор Стефано Доменикали ќе поднесе извештај до извршниот комитет на Либерти Медиа.

Претходниот извршен директор на Либерти Медиа беше Грег Мафеи, чие заминување од компанијата беше најавено во ноември минатата година. Џон Мелоун ја извршуваше функцијата вршител на должноста гувернер во последните месеци.

Чанг има долгогодишно искуство во спортскиот бизнис и индустријата за забава. Поточно, од 2018 до 2020 година, Дерек беше извршен директор на НБА во Кина.

Ѓорѓиевски: Континуирано вложуваме во подобро образование

 Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски денеска промовираше неколку проекти за реконструкција на централното и подрачно училиште „Круме Кепески". 

Како што информира Општината, се работи за промена на под, нови училници, тоалети за децата со попреченост,...

Ова, изјави Ѓорѓиевски, не е прва инвестиција во училиштето.

-За време на мојот тригодишен мандат, училиштето доживеа целосна преродба. Денес повторно промовираме неколку проекти во „Круме Кепески”. Се работи за изведување градежни активности за реконтрукција на влезот на подрачното училиште, каде што целосно се обновени скалите кои претходно беа речиси уништени, а поставена е и нова настрешница. Како новитет, во подрачното училиште е изграден тоалет за дечињата со попреченост, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за еднаквост и инклузија на територијата на целата општина. Инвестициите продолжија и во централното училиште каде целосно опремивме две училиници за целодневна настава со клупи, столчиња и инвертар, како и дополнително уште две нови училници. Поставен е и нов под, кој со години не беше променет, истакна градоначалникот.

Претходно, потсети, во централното училиште беше изграден нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева и детско игралиште со нова урбана опрема, сензорна соба која значително го унапреди образовниот процес на дечињата со попреченост, смарт табли за подрачното училиште, ги опремивме сите училници и кабинети со смарт уреди во централното, нови кабинети по информатика, уште еден спортски центар во подрачното училиште,...

-Тука не застануваме, продолжуваме да ја градиме иднината на младите таква каква што ја заслужуваат, изјави Ѓорѓиевски.

Руте: Украина треба да ја донесеме во најдобра можна позиција за преговори за крај на војната

 Мораме да се увериме дека Украина го има се она што е потребно, во смисла на обука, во смисла на опрема, за да ја продолжи борбата и за да надвладее во оваа борба што започна на 22 февруари (2023 година).

Целта на денешниот состанок е да потврдиме дека сите земји што учествуваат на него се единствени во воената поддршка на Украина, порача генералниот секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на средбата на Контакт групата за одбрана на Украина на министерско ниво, што денеска се одржува во американската воздухопловна база „Рамштајн“ во Германија.

- Мораме да се увериме дека Украина го има се она што е потребно, во смисла на обука, во смисла на опрема, за да ја продолжи борбата и за да надвладее во оваа борба што започна на 22 февруари (2023 година) со неиспровоцираниот масовен напад на Русија врз Украина, рече Руте.

Според него, тука не станува збор само за Украина, односно тоа што Русија се обидува „да ја зазема“ земјата, туку за глобален контекст.

- Тој глобалниот контекст е дека Украина треба да ја донесеме да биде во најдобра можна позиција да преговара кога еден ден би почнале разговори за да се реши овој конфликт, рече Руте.

Генералниот секретар на НАТО додаде и дека како резултат на глобалниот контекст, целиот свет, вклучително и Кина, Иран, Северна Кореја, а очигледно и Русија, со внимание следат што се случува тука и затоа учесниците на состанокот мора да се погрижат да изградат „најдобра можна позиција“.

Домаќини на средбата се американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Чарлс Браун, а меѓу останатите на неа, покрај Руте, учествува и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас.

Според најавата, состанокот ќе биде можност да се разговара и да се координира понатамошната воена поддршка на Украина.

притисни ентер