Дружење со ракометарките на Вардар во фан шопот во СЦ „Јане Сандански“

Пет ракометарки на Вардар, Андреа Лекиќ, Амандин Лејно, Барбара Лазовиќ, Маја Сокач и Ања Алтхаус денеска од 13 часот ќе продаваат билети, ќе потпишуваат автограми и ќе се фотографираат со сите што ќе дојдат во фан шопот во Спортскиот центар „Јане Сандански".

Вториот дел од караванот што почна во саботата во „Сити Мол“, сега ќе биде во салата во СЦ „Јане Сандански" во фан шопот. Ракометарките ќе продавата билети, а сите што тука ќе го купат својот билет за натпреварот со Ѓер, закажан за 4 април, ќе добијат и картичка за попуст од 30 отсто на новата колекција што може да се искористи следниот викенд.

На дружењето ќе има промоција на новиот рекламен спот на „Витаминка за Деспина“, официјалниот бисквит на ЖРК Вардар.

Јаник Синер се повлече од Мастерсот во Рим, сите шокирани

Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да учествува на АТП Мастерсот во Рим, бидејќи се повлече од него.

Оваа информација ја потврди и самиот тенисер, со објава на социјалните мрежи.

- Не е лесно да се напише оваа порака, но откако повторно разговарав со лекарите и специјалистите за моите проблеми со колкот, морам да објавам дека за жал нема да можам да играм во Рим. Многу сум тажен што не се опоравив, тоа е еден од моите омилени турнири. Едвај чекав да се вратам и да играм дома пред италијанската публика. Сепак, ќе дојдам во Рим на неколку дена и ќе застанам на „Форо Италико“. Ви благодарам за вашите пораки за поддршка кои многу ги ценам. Сега ќе работам со мојот тим и лекарите за да бидам подготвен за Ролан Гарос. Се гледаме наскоро - напиша Синер.

Да потсетиме, Синер лани стигна до четвртото коло, односно осминафиналето на споменатиот турнир.

За ДУИ нема идна влада без двојно мнозинство – од Вреди им порачаа да се подготват за опозиција

Партиите од албанскиот политички кампус и денеска со обвинувања во пресрет на изборите... 

На ДУИ им пречат изборните слогани и зголемената националистичка реторика која, како што тврдат, доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Бујар Османи на панел дискусија побара да се намали антиалбанската реторика која, како што вели, ја зголемува меѓуетничката нетрпеливост. Османи повтори дека нема влада без двојно мнозинство односно без Бадентер кој според него ќе го обезбедат ДУИ и Европскиот фронт. Најавите од Мицкоски и албанската опозиција „Вреди“ за постизборна коалиција, за Османи се легитимни, но порача дека и ќе треба да се комплетира и второто мнозинство, покрај тоа од 61 пратеник.

„ Слоганите бараме 61 пратеник за да ги исклучиме другите, или Македонија е повторно твоја, со идеја дека досега била на Албанците затоа што имаат премиер и министер за надворешни Албанец е недозволива. Колку и да е политички профитабилна. Колку и да носи гласови. Во една мултиетничка држава мора да биде табу изговарањето на такви слогани...Г-динот Мицкоски ВЛЕН може да ги повика на гости, во кафана, може да ги повика во рамки на коалицијата „Македонија повторно твоја“ и да ја подели власта со нив. Тоа е сосема дозволиво, тоа е нивна одлука. Но претставник на Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите, ќе бидат тие што ќе ја добијат нивната волја. И затоа Рамковниот договор го дава принципот на двојно мнозинство“, изјави Османи.

Идната влада ќе биде стабилна, но без ДУИ, му одговорија албанските опозиционери. Според Изет Меџити од „Вреди“ целта на „интегративците“ е да предизвикаат политичка криза за да ги спасат корумпираните во нивните редовиој. Истакна дека по 8-ми мај ќе има Влада со ВЛЕН како единствен легитимен политички претставник на Албанците, а ДУИ, според Меџити, редно е да оди во опозиција.

„Ќе има и мнозинство на Бадентер, ќе се обезбедат основите на Охридскиот рамковен договор и ќе има одговорност за сите што работеа спротивно на законите. Не можете и не смеете заминувањето на ДУИ во опозиција да го претставите како проблем за опстанок на државата. Ова е крајно неодговорно и кукавичко. Затоа, ве повикуваме да престанете да ги срамите Албанците и славните борци на УЧК. Не е крај на светот ако одиш во опозиција. Како легалисти и демократи со нашиот политички кредибилитет гарантираме дека нема да има реваншизам, туку одговорност ќе има само кога тоа ќе се докаже во правилни судски постапки“, изјави Изет Меџити.

Инаку, партиите од албанскиот блок велат дека нема да подржат ниту еден од претседателските кандидати кои влегоа во вториот круг. И од Коалицијата ВРЕДИ и од Европскиот фронт предводен од ДУИ ги повикаа граѓаните да гласаат по сопствено убедување и порачаа дека тоа е екслузивно право на гласачите.

Битиќи: Да се издигнеме над ривалствата и поделбите, да бидеме одлучни за европската иднина

„Во очи на Велигден, празникот кој носи надеж во срцата, љубов и радост, упатуваме порака за мир, меѓусебно разбирање, но и одлучност за иднината на државата“.

„Во очи на Велигден, празникот кој носи надеж во срцата, љубов и радост, упатуваме порака за мир, меѓусебно разбирање, но и одлучност за иднината на државата“, вели во видео обраќање Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и ко-носител на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2.

Битиќи посочува дека во овие денови се судираат два спротивставени политички концепти, при што одредени политичари се вознемирени кога гледаат пријателства меѓу различните.

„Тие политичари знаат дека не може да бидат луѓе со широко срце, со мир во душата, со подадена рака кон различниот, независно дали се Македонци, Албанци. Срби, Роми, Торбеши... или пак христијани или муслимани. Нивниот личен немир се обидуваат да го прелеат на улиците и во секојдневието на нашето општество. Насилството е единствениот начин на кој ја разбираат политиката и не се срамат, ниту воздржуваат на тоа да ги подучуваат и младите, да ги злоупотребуваат и разгневуваат“, вели Битиќи.

Тој истакнува дека треба да се градат мостови кои ќе ги надминуваат поделбите во општеството, а различните етнички, верски и културни припадности се силата на Македонија, кои сме должни да ги штитиме.

„Кога им се насмевнуваме на соседите, кога си подаваме леб едни на други, ние градиме мостови кои ги надминуваат поделбите. Но, кога нетрпеливоста ќе се прелее во нашите домови, тие мостови се рушат. Етничките, верските и културните различности се наша сила, но и должност да ги штитиме“, вели Битиќи.

Потпретседателот на СДСМ во видео обраќањето апелира христијанскиот празник Велигден да биде мотив за надминување на националистичките нетрпеливости.

„Драги сограѓани, Велигден нека ни биде поука, мотив и инспирација, да се издигнеме над ривалставата и националистичките нетрпеливости. Овој христијански празник нè подучува на жртвување, на љубов. Да нè потсети дека нашите постапки одекнуваат и кај идните генерации. Заеднички да го пронајдеме мирот во себе, но и во нашето општество“, вели Битиќи и повикува да се совладаат стравот и конфликтите со другарство и пријателство.

Упатувајќи честитка до православните граѓаните на Македонија, Битиќи ја истакнува и важноста да се отфрлат политиките кои внесуваат поделби и да се прифати разбирањето.

„Да ја отфрлиме политиката на поделби и да го прифатиме патот на разбирањето. Да се собереме околу идејата за европска Македонија, дом во кој ќе има достоинствено место за секого. Да им подадеме рака на оние на кои им е потребна, да ја прифатиме различноста и да изградиме мостови кои ќе ги поврзуваат нашите срца. На сограѓаните од православна вероисповед од срце Ви посакуваме благословени и хармонични празнични денови“, вели во видео обраќањето ко-носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата за европска иднина во Изборна единица 2, Фатмир Битиќи, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер