Друловиќ: Шпанија е голем фаворит, ние ќе пробаме да бидеме вистински противник

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Љубинко Друловиќ пред утрешниот квалификациски дуел за ЕУРО 2016 против Шпанија очекува неговите избраници да го надминат разочарувањето од пораз со Луксембург и да докажат дека можат да одиграат многу подобро.



- На гости ни доаѓа една од најдобрите европски и светски репрезентации. Сигурно дека Шпанија е голем фаворит. Имаат фантастичен состав со многу квалитетни фудбалери. Од друга страна, ние веруваме дека можеме да се вратиме на најдобар можен начин и ќе сториме се да бидеме вистински противник и да се обидеме ако е можно да направиме позитивен резултат, а тоа е бод или победа, рече македонскиот селектор на денешната прес-конференција.

Според него, ново повиканите четворица фудбалери од младата селекција имаат потенцијал да заиграат за А тимот.

-Со своето однесување, играта и квалитетот повиканите од У-21 селекцијата заслужија да бидат дел од А репрезентацијата. Тие се иднината на македонскиот фудбал и на нив најсериозно се смета, а постојат шанси некој од нив да се најде во почетниот состав.

Осврнувајќи се на поразот од Луксембург, Друловиќ кажа дека постои разочарување меѓу сите во репрезентацијата.

- Загубениот дуел сите не погоди, но треба да собереме сили и да се претставиме во добро светло со Шпанија. Разговаравме по враќањето од Луксембург со фудбалерите кои се свесни за целата ситуација и мора да дадат максимум за да ја оправдаме довербата на јавноста. Мора да се оддолжиме со добра игра, а јавноста ќе знае тоа да го цени.

Натпреварот Македонија – Шпанија се игра утревечер од 20 часот и 45 минути на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер