Друловиќ: Целта ни е да не бидеме последни

Фудбалската репрезентација на Македонија до крајот на квалификациите за ЕУРО 2016 година ќе одигра уште два натпревара. Најпрвин на 9.окотмоври во Скопје ќе гостува Украина, а потоа на 12.октомври Македонија ќе игра на теренот на Белорусија.

За овие два дуела селекторот Љубинко Друловиќ повика 22 играчи:

Голмани: Томе Пачовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гранада 2), Давид Митов Нилсон (Норчепинг).

Одбрана: Даниел Мојсов (Адана), Шиков (Австрија), Кире Ристевски (Работнички), Владица Брдаровски (Вардар), Стефан Ристовски (Риека), Леонард Жута (Риека), Мите Цикарски (Работнички).

Среден ред: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Милован Петровиќ (Работнички), Никола Глигоров (Вардар), Арменд Алими (Шкендија), Ферхан Хасани (Шкендија), Стефан Ашковски (Нови Пазар), Бесарт Абдурахими (Локерен), Александар Трајковски (Палермо), Агим Ибраими (Марибор).

Напад: Мирко Ивановски (Видеотон), Блаже Илијоски (Работнички) и Иван Тричковски (Легија).

На денешниот прес Друловиќ истакна дека неколку помлади играчи, поради обврски во репрезентацијата до 21 година, нема да можат да настапат.
- Не можевме да сметаме на некои помлади играчи, особено на оние кои добро одиграа со Шпанија. Дуелот со Украина е важен за нас, треба да одиграме како со Шпанија. Тогаш бевме задоволни од играта, а не и од резултатот. Односот кон тој натпревар ме радува. Со малку среќа можеме и до поволен резултат. Сметам дека се подобруваме, личиме на тим. На овие два натпревара треба да ја подобриме нашата позиција и основна цел е да не бидеме последни, рече Друловиќ.

За првпат во репрезентацијата е повикан голманот Давид Митов Нилсон, додека по повеќе од една година се враќа Иван Тричковски.

Хасани:Руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста во Европа

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи Игли Хасани смета дека руската агресија во Украина останува најкритична закана за мирот и безбедноста на европскиот континент и пошироко.

Хасани на меѓународната конференција „Ленарт Мери“ (Lennart Meri) во главниот град на Естонија, Талин изјавил дека „Албанија продолжува со својата јасна и цврста позиција во одбрана на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, во согласност со ставот на ЕУ, НАТО и САД".

-Албанија активно ги поддржува напорите и преземените иницијативи за да се обезбеди целосна одговорност за најтешките злосторства според меѓународното право извршени во Украина. Застанувајќи покрај Украина, Албанија ја поддржува политички, економски и воено, до постигнување праведен и стабилен мир, нагласил тој, јави АТА.

Прашан за улогата на Русија во светската безбедност, министерот Хасани, рекол дека „единствениот победник во овие турбулентни времиња е НАТО, сојузот на вредности и нации кои го сакаат мирот и ги почитуваат правата на народите".

Министерот Хасани остварил средби со премиерката Каја Калас, неговиот естонски колега Маргус Цахкна и шефот на Комисијата за надворешна политика во естонскиот парламент, Марко Михкелсон на кои изразил благодарност за континуираната поддршка на Естонија за процесот на интеграција на Албанија и Балканот во ЕУ./МИА

Фоден: Горд сум на наградата фудбалер на сезоната во Премиер лигата

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Фил Фоден ги искажа впечатоците по добивањето на наградата за најдобар играч во сезоната 2023/24 во англискиот шампионат.

- Добивањето на оваа награда е достигнување на кое сум исклучително горд. Англиската Премиер лига е препознаена како најдобра лига во светот и среќен сум што сум номиниран заедно со многу други одлични играчи кои имаа посебни сезони во своите клубови. Би сакал да му се заблагодарам на целиот персонал на Сити, тренерите и особено на моите соиграчи, бидејќи без нив тоа немаше да биде возможно, изјави Фоден на официјалната веб-страница на „Граѓаните“.

Оваа сезона во Премиер лигата, 23-годишниот играч од средниот ред одигра 34 натпревари, постигнувајќи 17 гола и постигна осум асистенции.

Трансфермаркт го проценува Фоден на 130 милиони евра.

Договорот на играчот со Манчестер сити е до летото 2027 година. /МИА

Чави за Барселона: Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот

 Тренерот на Барселона, Чави проговори за расположението во кое работи во Барселона.

Претходно беше објавено дека претседателот на каталонскиот клуб Жоан Лапорта решил да ја прекине соработката со тренерот на крајот од сезоната.

- Среќен сум затоа што сум во најдобриот клуб во светот. Критиката ме тера да се подобрам. Ништо не се менува кај мене. Нестрплив сум да покажам дека можеме да продолжиме да бидеме конкурентни. Оваа сезона не беше успешна за нас, но убеден сум дека во иднина се може да излезе добро, изјави Чави.

Барселона утревечер од 19 часот го пречекува Рајо Ваљекано.

На две кола до крајот на сезоната во шпанската Ла Лига, Барселона се наоѓа на второто место со 79 бода, далеку зад лидерот Реал Мадрид кој има 93./МИА

притисни ентер