Драмското студио Дон Кихот од Гевгелија на фестивал во Бугарија

Возрасната група на драмското студио ,„Дон Кихот" од Гевгелија денеска и утре учествува на меѓународниот фестивал „Утринска ѕвезда" кој се одржува во познатиот зимски центар Банско во Бугарија.

Гевгеличани на фестивалот ќе настапат со претставата „На здравје" работена од режисерките Даниела Џишева и Катица Џишева-Дупарова според сценарио од истоименото дело на авторите Шарл Пол Кантино и Шерил Барет.

Во претставата „На здравје" младите гевгелиски актери на мошне сугестивен начин ја претставуваат современата реалност карикирајќи ги карактерите на поединците кои ги допираат меѓучовечките односи во општеството.

Претставата претходно ја воодушеви публиката со изведбите во Гевгелија,Струмица и Богданци што е причина повеќе да се очекуваат добри резултати и од фестивалот во Банско.

„Гответе со Дракче“ - Макарони со печурки

Во среда (01.05.2024) во емисијата гостин ни беше Љубица Јаневска Ивановска.

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче макарони

1 конзерва помодори пелати

1 помало пакување свежи печурки

2 млади кромитчиња

2 млади лукчиња

2 гранчиња босилек

1 брокула

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Магдалена Гроно нов главен дипломатски советник на Мишел

Актуелната виша советничка за надворешна политика на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Магдалена Гроно, дополнително е именувана и за негова нова главна дипломатска советничка. 

Како што соопшти Европскиот совет, Гроно ќе го наследи Симон Мордју, кој е избран за заменик генерален секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на која должност треба да стапи на 1 јули годинава.

Во соопштението на Европскиот совет се наведува дека Мишел му се заблагодарува на Мордју за неговата професионалност и посветеност во работата.

- Неговиот придонес имаше влијание врз успесите во надворешната политика на ЕУ и беше високо ценет дома и во странство. Претседателот Мишел му посакува се најдобро на Симон на неговата нов должност, се наведува во соопштението и се изразува уверување дека Мордју ќе даде свој голем придонес во ЕЕАС. /МИА

Зеленски отпушти висок разузнавач поради обвинувања за корупција

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши Илја Витјук, висок функционер во разузнавачката служба СБУ, поради обвинувања за корупција, јави ДПА.

Указот е објавен синоќа на веб-страницата на украинскиот претседател, без да се прецизираат причините за разрешувањето.

Витјук беше шеф на одделот за кибер безбедност на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Претходно, украинските медиуми објавија истраги во кои беше наведено дека сопругата на Витјук купила луксузен стан во центарот на Киев. /МИА

притисни ентер