Инфлуенсерката Лилиан Таљари сакала да привлече внимание со интересно видео од Малдиви, па се нурнала меѓу 50 ајкули. Меѓутоа, ситуацијата излегла од контрола кога на дното ја нападнала ајкула, а Лилијан почнала да вреска во паника.
Ова видео е прегледано преку 18 милиони пати, но за среќа, Лилијан се извлекла само со површински угриз на десната нога.
По оваа случка, инфлуенсерката објаснила дека овој вид ајкула, таканаречена „медицинска сестра“ е безопасна за луѓето и напаѓа само кога се чувствува загрозено.
Тоа го потврдила и Лилијан, која додала дека ајкулата ја помешала со риба и затоа ја каснала.
Таму имаше околу 50 ајкули и многупати сум пливала на тоа место. Веројатно на една од ајкулите мојата нога ѝ се виде како онаа риба што ја фрлаат рибарите од чамците. Ногата ме пецкаше неколку дена и морав да пијам антибиотици, за секој случај, да спречам бактериска инфекција. Пред каснувањето еден час нуркав меѓу нив без проблем, а потоа решив повторно да се вратам, и тогаш ме касна ајкулата – изјавила инфлуенсерката.
Покрај рајските плажи, Малдивите се познати и како дом на повеќе од 30 видови ајкули, а повеќето хотели на гостите им нудат екскурзии кои вклучуваат пливање со ајкули.
Ајкулите „медицински сестри“ може да пораснат и до должина од 4 метри.
- Повеќето ајкули во близина на Малдивите се безопасни за луѓето, а инцидентите со нив се многу ретки - велат експертите.
- Ова беше мал инцидент, а каснувањето беше површно. Сè е во ред, сите екстремитети се тука. Да се раскаже уште една приказна – напишала Лилијан на својот Инстаграм профил, пренесува Дејли меил.