Драма на лет кон Москва- авион на Туркиш ерлајнс принудно се врати во Истанбул

Уште еден авион на Туркиш ерлајнс кој летал за Москва ненадејно свртел и се вратил во Истанбул.

Од засега непознати причини, авионот свртел над Полска и се вратил во Истанбул.

Компанијата се уште не се огласила по овој повод.

Да потсетиме, друг авион на истата авиокомпанија, кој летал за Сиетл, вчера се свртел над Исланд и се вратил во Истанбул.

Од компанијата тогаш изјавија дека авионот веднаш се вратил на аеродромот поради технички проблеми.

Истражување: Пушењето влијае на здравјето и до 25 години по откажувањето

Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network Open).

Научници од Јужна Кореја анализирале податоци на околу 5,4 милиони поранешни и сегашни пушачи и непушачи и откриле дека, понекогаш, може да бидат потребни и до 25 години за повторно да се намали опасноста од срцеви заболувања, откако едно лице ќе се откаже од цигарите. Наодите се објавени во списанието „Јама нетворк опен“ (Jama Network Open).

Јужнокорејскиот истражувачки тим предводен од Џун Хван-чо проучувале податоци од Корејската национална служба за здравствено осигурување. По речиси 15 години следење, истражувањето открива дека сегашните пушачи имаат најлоши последици. Пушењето и опасноста од кардиоваскуларни болести, како што пренесува списанието „Сити магазин“ (City Magazine), зависат од бројот на испушени цигари, без оглед на откажувањето од пушењето - вели заклучокот на научниците.

Кај сите поранешни пушачи, откажувањето од пушење било поврзано со значително намалување на опасностите. Сепак, ова зависи и од кумулативната изложеност на чад и повеќе години по откажувањето. Во споредба со сегашните пушачи, луѓето кои пушеле помалку, имале помала можност за појава на болести околу срцето во првите пет до 10 години по откажувањето.

- Ако дозата на чад кај луѓето кои почнуваат да пушат не надминува одреден праг или тн. „точка од каде што нема враќање“, тие можат да очекуваат рано подобрување на здравјето ако престанат да пушат. Пушењето во траење од осум години е означено како „точка од којашто нема враќање“. Затоа, откажувањето од пушењето пред да осумгодишно континуирано пушење може да има значителни придобивки за јавното здравје, вели Џун.

Тоа значи - на поранешните пушачи кои пушеле повеќе цигари им биле потребни околу 23 (па дури и до 25) години, додека нивниот ризик од болест не се намали, спореден со оние кои никогаш не пушеле. Во споредба со сегашните пушачи, тешките поранешни пушачи имале помала веројатност да развијат кардиоваскуларни болести по околу 20 години./МИА

Скај њуз: Путин го избрал местото за мировни преговори – ако ги има

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е отворен за мировни преговори со Украина во Словачка „ако дојде до нив“, пренесува британскиот Скај Њуз.

Путин рече дека словачкиот премиер Роберт Фицо, кој оваа недела го посети Кремљ, ја понудил Словачка како место за преговори додека војната во Украина се приближува до својата трета година.

- Немаме ништо против, ако се случи. Зошто да не? Словачка зазема неутрална позиција, изјави Путин, додавајќи дека е решен да го заврши конфликтот во Украина, кој започна со копнена, воздушна и поморска инвазија во февруари 2022 година.

Украина сè уште не реагирала на понудата на Словачка, но претседателот Володимир Зеленски повеќепати ја критикуваше оваа земја поради пријателскиот став на премиерот Фицо кон Русија.

Иако Киев и Западот ги отфрлија руските барања Украина да се откаже од членството во НАТО и да ги признае територијалните придобивки на Русија, Зеленски навестува промена во ставот за преговори.

Во интервју за Скај Њуз, Зеленски изјави дека можно е постигнување договор за прекин на огнот ако териториите под контрола на Украина бидат ставени „под чадорот на НАТО“, со што би се обезбедила дипломатска можност за враќање на останатите територии.

Украинскиот претседател призна дека украинските сили нема да можат да ги повратат сите територии кои Русија ги окупираше, но додаде дека дипломатијата е единствената опција за да се принуди Путин на повлекување.

Меѓутоа, војната остави разорни последици и врз Русија. Според анализи на британската влада и војска, Русија загубила околу половина милион војници, убиени или ранети во конфликтот.

Дополнително, Кремљ побара поддршка од Северна Кореја, која испрати 10.000–12.000 војници да се борат во Украина, но поради нивното ограничено искуство, забележани се значителни загуби. /МИА

Кузеска: СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска

ДКСК треба да биде пример а не да остава впечаток дека штити било кого.

СДСМ бара оставка од членката на ДКСК, Цвета Ристовска.

Основани се сомнежите за судир на интереси по скандалозната одлука поврзана со директорот на АНБ, Бојан Христовски и неговата спорна диплома.

Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзината независност и објективност при одлучувањето.

Алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата која ја издала спорната диплома.

Воопшто не е важо дали е платена за тоа или не.

Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од Универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година.

Ова претставува уште еден основ за директен судир на интереси, што е во спротивност со Етичкиот кодекс на ДКСК, каде што јасно е наведено дека членовите не смеат да одлучуваат за предмети каде постои судир на интереси (член 9).

Не смее да има ниту најмал сомнеж за конфликт на интерес кај оние што треба да се борат против конфликт на интерес.

Ристовска требало да биде изземена од овој случај. ДКСК треба да биде пример а не да остава впечаток дека штити било кого.

Пиши-бриши постапките на Универзитетот за туризам и менаџмент дополнително ги подгреваат сомнежите дека намерата е нешто да се сокрие од јавноста.

Ако се било чисто, зошто по објавувањето на информациите во медиумите за судир на интереси Ристовска беше избришана од составот на универзитетскиот кадар?

За вчера повторно да биде вратена на интеренет страната на Универзитетот.

СДСМ бара итно:

Оставка на Цвета Ристовска од Државната комисија за спречување на корупцијата, поради судир на интереси кој ја загрозува кредибилноста на ДКСК.

Повлекување и преиспитување на одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ.

Расчистување на прашањето за евентуалните неправилности во анализата на Државниот просветен инспекторат.

Институциите мора да работат во интерес на граѓаните и со највисок интегритет. Судирите на интереси, манипулациите и злоупотребите мора да бидат санкционирани. Затоа, бараме итни и конкретни мерки кои ќе ја вратат довербата на граѓаните.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка

притисни ентер