Доведени во прашање новите истраги на СЈО?!

Ќе паднат ли во вода десетици истраги на СЈО но и обвинението за финансирање на ВМРО ДПМНЕ и изградбата на Белата палата?

Правните дилеми се отвораат откако Врховниот суд закажа седница на која ќе расправа по иницијативи од адвокатите Еленко Миланов и Боро Тасевски кои бараат врховните судии да оценат дали СЈО може да покренува истраги и поднесува обвиненија по истекот на рокот од јули 2017.

За поранешниот врховен судија Дане Илиев е нејасно зошто највисокиот суд воопшто закажал седница кога бранителите имале можност нивните клиенти првин да ги одбранат пред пониските судови.

„Врховниот суд не може да одлучува по иницијативи на бранители во предмети, без разлика дали е за редовното или Специјалното обвинителство. Тие се бранители кои во постапката што се води имаат секаква правна можност за да го искажат својот став. Врховниот суд како суд кој се грижи за примена на законите има надлежност во конкретното работење на судовите, да донесува правни мислења, и начелни правни ставови кои се однесуваат на одредена правна проблематика односно правни прашања во примена на законите пред пониските судови”. – изјави – Дане Илиев – Поранешен претседател на Врховен суд.

Седницата на Врховен е закажана за во среда, а неизвесно е дали одлуката ќе биде донесена уште истиот ден. Но од судот велат дека имаат обврска да одлучуваат по иницијативи на адвокати.

Врховниот суд на Република Македонија, меѓу другото, има обврска на Општа седница, да разгледува иницијативи и на адвокати за утврдување начелни ставови и начелни правни мислења.

Во минатата година и пол СЈО отвори дваесетина истраги во кои освен Никола Груевски и Миле Јанакиески, опфатени се и актуелните функционери на ДУИ, Али Ахмети и Бујар Османи во “Попис” и “Пациент”.

Но и “Империја” во која се опфатени Сашо Мијалков и Орце Камчев, “Друмарина” за Силвана Бонева и други. Толкувањата на СЈО се дека истрагите се покренати во законскиот рок.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер