Според извештаите, таа ја избодела трудницата дури 14 пати пред очите на нејзината петгодишна ќерка, по расправија за бакшиш. Жената ѝ дала на Алвело 50 долари за сметка од 33,10 долари, очекувајќи да ѝ врати 16,90 долари.
Кога доставувачката почнала да си оди, жената ги побарала парите назад, но Бријана ѝ рекла дека не носат кусур и дека тоа е политика на фирмата, стои во полицискиот извештај.
Жената почнала да бара ситни пари во две чанти низ собата во мотелот и во нејзиниот автомобил, додека доставувачката ја гледала. На крајот нашла поситни пари и на Брајана ѝ дала само два долари бакшиш. Таа „ги преврти очите и си замина без да каже ништо“, се вели во извештајот.
По кратко време жената, нејзиното момче и ќерката спиеле кога слушнале тропање на вратата од мотелот Ривиера. Кога ја отвориле вратата, биле нападнати од жена, за која властите подоцна рекле дека е доставувачката на пица. Таа била придружувана од маскиран маж. Насилно биле внесени во собата, пишува Daily Mail.
Вооружениот маж му наредил на момчето да влезе во бањата. Брајана претурала по нивните работи во собата на мотелот, а потоа ја избодела жената 14 пати со џебен нож додека таа ја штитела својата ќеркичка, соопшти полицијата. Во извештајот се наведува дека жената била прободена со нож во градите, рацете, нозете и стомакот.
@dailymail A pizza delivery worker, Brianna Alvelo, 22, has been charged with breaking into a motel room and stabbing a pregnant woman in front of her five-year-old daughter after a dispute over a tip in Kissimmee, Florida. The woman tipped Alvelo $2 after initially expecting $16.90 in change from a $50 payment on a $33.10 bill. Alvelo claimed the company didn’t carry change and left after receiving the smaller tip. Read the full story on dailymail.com #news #crime #news #usa #pizzadelivery ♬ Minimal for news / news suspense(1169746) - Hiraoka Kotaro
Двајцата маскирани криминалци побегнале од мотелот заедно со неколку украдени предмети. Документите велат дека жртвата се обидела да го земе телефонот, но Алвело ѝ го зела и го скршила. Жртвата наводно била оставена крвава и преплашена. Ја однеле во болница каде била оперирана поради пукнато белодробно крило. Додека била таму дознала дека е неколку недели бремена.
Алвело брзо била идентификувана како осомничена за злосторството и наводно била фатена на камерите на мотелот. Исто така, присуството на Брајана таа вечер го потврдил и автомобилот со кој претходно ја доставила пицата.
Доставувачката сега се соочува со обвиненија за обид за убиство, упад во дом со огнено оружје, киднапирање и тежок напад со оружје. Во пресрет на рочиштето таа рече дека не можела да си дозволи адвокат и побарала да ѝ се додели адвокат. Властите сè уште јавно не го идентификувале осомничениот маж.