Досега 13 заболени од коронавирус, да се следат владините мерки и препораки

Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа.

Кај четири лица од овие општини е потврден коронавирус, тие се во стабилна состојба и денеска ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Со овие четири случаи вкупниот број заболени во државава изнесува 13.

Покрај ова, донесена е одлука да се затвори ски центарот Маврово и граничните премини Џепиште – Требиште и Блато кон Албанија.

Сите пациенти кај кои е потврден вирусот се стабилни, освен пациентката од брачниот пар од Дебар кај кои првично беше потврден вирусот, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Таа има дополнителни влошувања на состојбата и е практично на граница за да биде поставена на механичка вентилација. Специјалистите се надеваат дека со цела дополнителна терапија ќе го надмине овој период, но подготвени се и доколку има дополнително влошување да биде поставена на машина за дишење.

Беше тестиран и негативен на коронавирусот е патникот од Германија, кој вчера пристигна на Скопскиот аеродром, државјанин на Република Северна Македонија. Кај него било регистрирана лесно зголемена температура и затоа бил изолиран и бил земен материјал за испитување. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои биле задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата.

На коронавирус вчера попладне биле тестирани уште осум пациенти меѓу кои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, вчера преку соопштение упати апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјава во овој период.

На листата на земји од висок ризик се наведени Кина, Италија, Иран, Јужна Кореја, Франција, Шпанија и Германија, како и неколку десетини земји од среден ризик меѓу кои се повеќе европски земји, САД, Канада, Јапонија, Швајцарија, АвстралијаМинистерството за надворешни работи соопшти дека продолжува будно да ја следи состојбата со COVID-19 во и вон земјата преку дипломатско – конзуларните претставништва и останува во постојана комуникација и координација со останатите релевантни институции во државата.

Од МНР повторно апелираат и во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки.

Владата ги задолжи министерствата за здравство, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за надворешни работи, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување со сите останати засегнати државни институции да ги стават на располагање сите расположливи капацитети и ресурси кои може да се стават во функција на справување со настанатата состојба, како и да номинираат членови на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи.

Државниот пазарен инспекторат и Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД се задолжени да извршат координирани вонредни инспекциски надзори на сите економски оператори кои продаваат средства за заштита од Коронавирусот, согласно мерките, препораки и насоките на Владата.

Министерството за внатрешни работи треба да определи едно лице кое ќе биде задолжено во случај на потреба од интервенција при вршење на овие вонредни инспекциски надзори од страна на инспекторатите./МИА

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната во Градскиот парк во Скопје, го претстави неговото последно дело во соработка со архитектката Натали Велеска, кое е дел од проектот за проблемот со јавните тоалети во градот.

Со последната акција, прикажаа предлог решение, во вид на макета. Тоалетот би бил изведен од метална контрукција, обложен со дрвени панели, неговите димензии би биле минимални, за да биде поекономичен за масивно производство и за понатамошно одржување.

Екстериерот на тоалетот би имал зелени ѕидови со вертикално поставени растенија, кои би служеле како разубавување на градот и истите би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

од страната на макетата има прикажано мапа на Градот Скопје, со означени локации каде би биле идеалните места во градот каде што се најнеопходни највеќе тоалети за главниот град и општините. За овој проблем граѓаните постојано алармираат, но засега решение нема.

Како да се стави крај на врсничкото насилство кај младите?

Со свирчиња во рака децата и родителите денеска во Градскиот парк во Скопје го „кренаа гласот“ против врсничкото насилство.

На отворениот настан во рамки на кампањата на Макпетрол за спречување на врсничкото насилство присутните родители, баби и дедовци порачаа дека врсничкото насилство може да се спречи само со поголема едукација. Велат се започнува од домашното воспитување, но клучни во борбата против насилството се институциите како училиштата и градинките од кои бараат поголема ангажираност на оваа тема.

- Малце да се елиминира пристап до интернет на рана возраст и само муабет дома, правилно воспитување се решава. Децата се повеќе време таму во школо, во градинка така да многу влијае и тоа какви воспитувачи и учители имаат.

- Едукација, школи, семинари, едукација пред се.

- Мислам дека најмногу образовниот систем треба да работи на тоа, психолозите во школите, педагозите и ние од дома да ги советуваме да не прават такви работи.

На отворениот настан присутните се забавуваа со повеќе музички, сценски интерпертации и интерактивни содржини. Актерот Сашко Коцев на најмладите им порача доколку се соочуваат со насилство да се охрабрат и тоа да го споделат со родителите, наставниците, педагозите..

- Јас една едноставна и ведра порака што ја испратив е се ставив јас кога сум бил да кажеме жртва, едноставно која била мојата позадина да не соопштам на никого. Тоа е еден срам дека ќе испаднеш послаб па ќе кажат „еј тужакаш“ или ми било страв дека тие што те малтретираат ако кажеш ќе станат уште полоши. Само тоа сакав да ги охрабрам дека треба да кажат децата.- Сашко Коцев – актер

Врсничкото насилство или булингот се јавува во повеќе форми: физички, вербален, социјален а во поново време и сајбер булинг. Токму изминатиов период имаше најмалку два случаи на физички пресметки меѓу малолетници, кои беа снимени со телефон, од кој за еден сеуште се чека судска пресуда. Психолозите реагираат дека системското решение е во целокупниот образовен процес, но и во домот од каде децата учат од родителот како да се соочуваат со емотивно тешки состојби.

Повторно „никна“ импровизиран забавен парк кај салата Борис Трајковски

​Поставените реквизити за забава и адреналин на празниот простор пред спортската сала Борис Трајковски се без соодветна документација и дозвола која гарантира безбедност за посетитлите, соопшти Град Скопје. 

Градот извршил надзор и превземал мерки да го казни правното лице, но според градот правното лице Дизниленд Реквизити продолжиле да работат насилно.

Денеска се распоредуваа и се монтираа и останатите реквизити. Сопственикот на Дизниленд Реквизити за Канал 5 објасни дека тој се обратил до Град Скопје и општина Карпош но оттаму писмено му одговориле дека не се надележни за дозвола и сега не му е јасно зошто овие реакции од страна на Град Скопје. Од Дизниленд Реквизити велат дека ги имаат сите потребни гаранции и потребни тестови за поставување на опремата и исто така правен договор со приватното лице на земјиштето дека овој простор ќе го користат еден месец.

Од Град Скопје објаснуваат дека ги повикуваат сите надлежни институции да реагираат и да постапат во најкус рок зошто станувало збор за самоволие и дека е ставено во прашање безбедноста на децата. Од фирмата Дизниленд Реквизити пак најавија дека со адвокатите ќе бараат да се реши нивниот проблем со град Скопје.

притисни ентер