Донгју: Да се одржат активни глобалните синџири на храна е клучно во време на КОВИД-19

Има доволно храна за да се нахранат сите, но може да не биде достапна таму каде што е потребно.

Мораме да осигураме дека пазарите на храна функционираат правилно и дека информациите за цените, производството, потрошувачката и залихите се достапни за сите во реално време. Овој пристап ќе ја намали неизвесноста и ќе им овозможи на производителите, потрошувачите, трговците и преработувачите да спречат неоправдано панично однесување на глобалните пазари на храна. Протокот на храна треба да се одржи активен за секого, а особено за најранливите, вели генералниот директор на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), Кју Донгју во врска со актуелната состојба предизвикана од КОВИД-19.

КОВИД-19, нагласува Донгју, силно потсетува дека солидарноста не е добротворна организација, туку здрав разум.

-Пандемијата COVID-19 претставува огромен товар за јавните здравствени системи ширум светот, а милиони луѓе во најнапредните светски економии се во некаква форма на карантин. Знаеме дека човечката загуба ќе биде голема, и дека огромните напори за промена кон подобро носат со себе големи економски трошоци. За да се намали ризикот од уште поголема загуба – недостиг на храна за милиони, дури и во богатите земји – светот мора да преземе итни мерки за да ги минимизира нарушувањата во синџирите на снабдување со храна. Потребен е глобално координиран и рационален одговор за да се спречи оваа здравствена криза да предизвика криза со храна во која луѓето не можат да најдат или да си дозволат храна, истакнува генералниот директор на ФАО.

Според него, засега КОВИД-19 не предизвика никаков притисок врз сигурноста на храната.

-Иако нема потреба од паника – има доволно снабдување со храна во светот за да се нахранат сите – ние мора да се соочиме со предизвикот: огромен ризик храната да не биде достапна таму каде што е потребно. Масовното ширење на КОВИД-19, со сите придружни затворања и блокади, создаде логистички тесни грла во долгите вредносни синџири на модерната глобална економија. Ограничувањето на движење, како и основното аверзивно однесување на работниците, може да ги спречат земјоделците од одгледување и преработка на храна. Недостаток на ѓубрива, ветеринарни лекови и други суровини, исто така, може да влијаат на земјоделското производство, потенцира Донгју.

Затворањето на ресторани и пореткото купување намирници, ддава, ја намалуваат побарувачката за свежи производи и риба, кои влијаат врз производителите и добавувачите, особено врз малите земјоделци, со долгорочни последици за сè поурбанизираното население во светот, без оглед дали се наоѓа во Менхетен или Манила.

-Несигурноста околу достапноста на храна може да ги натера креаторите на политики да спроведат трговски рестриктивни мерки со цел да ја заштитат националната сигурност на храната. Со оглед на искуството од глобалната криза на цените на храната, 2007 година, знаеме дека ваквите мерки можат само да ја влошат ситуацијата. Ограничувања на извозот, воспоставени од земјите извознички, за да ја зголемат достапноста на храната во земјата, може да доведат до сериозни нарушувања на светскиот пазар на храна, што резултира во раст и зголемена нестабилност на цените. Во 2007-2008 година, овие брзи мерки се покажаа исклучително штетни, особено за земјите со ниски приходи и со дефицит на храна, како и за напорите на хуманитарните организации да обезбедат намирници за сиромашните и ранливите, предочува Донгју.

Тој уште еднаш порачува креаторите на политики да избегнат ненадејно затегнување на условите за снабдување и проток на храна.

-Додека секоја земја се соочува со свои предизвици, соработката – меѓу владите и целокупниот спектар на сектори и засегнати страни – е од најголема важност. Доживуваме глобален проблем што бара глобален одговор. Мораме да осигураме дека пазарите на храна функционираат правилно и дека информациите за цените, производството, потрошувачката и залихите на храна се достапни за сите во реално време. Овој пристап ќе ја намали неизвесноста и ќе им овозможи на производителите, потрошувачите, трговците и преработувачите да донесат информирани одлуки и да спречат неоправдано панично однесување на глобалните пазари на храна. Веќе имаме 113 милиони луѓе кои доживуваат акутен глад; во субсахарска Африка, четвртина од населението е потхрането. Какво било нарушување на синџирите на проток на храна ќе ги интензивира и човечките страдања и предизвикот за намалување на гладот ширум светот, предупредува Донгју.

Подвлекува дека превенцијата чини помалку.

-Глобалните пазари се клучни за балансирање на шоковите во понудата и побарувачката низ земји и региони и треба сите да работт заедно за да се минимизираат нарушувањата во синџирите за снабдување со храна колку што е можно повеќе, апелира генералниот директор на ФАО, Кју Донгју во врска со состојба што ја предизвика коронавурусот. /МИА

Дневен хороскоп за 17. мај 2024 година

Дневен хороскоп за петок, 17. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Денеска најмногу ќе си помогнете ако побарате ведри содржини и весели луѓе , а не треба да поставувате премногу прашања.

Кариера

Зацртајте си го минимумот што треба професионално да го одработите и држете се до него.Она што ќе го сработите повеќе , ќе биде добивка.

Здравје и совет

Држете се подалеку од каква било негативност.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата љубовна самодоверба ќе биде денеска разнишана , а за тоа сте самите виновни зашто сакате се да ви биде совршено.

Кариера

Ќе ве измачува еден проблем поврзан со финансиите, но решението е на повидок. Сепак ќе треба да поработите повеќе.

Здравје и совет

Не постои совршенство.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Партнерот сигурно ќе ве вознемири раскажувајќи за неговата болка или тага. Бидете позитивни.

Кариера

Вашите деловни соработници ќе го покажат своето сериозно лице , кое на вас ќе ви изгледа премногу мрачно. Ќе направите напор за да внесете ведрина во работењето.

Здравје и совет

Имате право.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би сакале се што имате да споделите со другата страна , освен малите семејни препирања и грижи кои денеска ќе се појават.

Кариера

Денот е добар за секаков вид соработка во која треба да гои покажете својот талент , креативбност и отвореност кон другите.

Здравје и совет

Продолжете да истражувате за здравиот живот.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можен е повик на член на вашето семејство , што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот.

Кариера

Пред вас се нови можности , но за да се впуштите во нив , треба прво да решите една заостаната работа.

Здравје и совет

Разграничете ги приоритетите.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашите лични односи стануваат се повеќе либерални , а вие сте поотворени за нови идеи. Чувствувате како се враќате кон својата суштина.

Кариера

Конечно ќе се појават некои ваши достигнувања , за кои порано не сакале да ви ги припишат. Ќе можете да се повикате на нив.

Здравје и совет

Имате поголема сигурност.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Лесно воспоставувате контакти , спонтани дружби , ви се враќа довербата во луѓето , а особено во пријателите . Сето тоа ќе ви се случува денеска.

Кариера

Не е исклучено дека ќе ве пофалат или вашето знаење и стручност за една тема ќе излезат на површина , што ќе биде важно за работењето.

Здравје и совет

Бидете активни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Шоуто во кое се впуштивте , се развуива и понатаму. Денеска одлично комуницирате , а другите ве следат со љубов.

Кариера

Фирмата во која работите денеска ќе ви изгледа мала. Сакате нешто повеќе за себе , но за тоа треба да бидете повеќе одговорни.

Здравје и совет

Можете да ги решите недоразбирањата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

За вас како да нема грижи. Љубовната ренесанса продолжува со несмалена жестина , а вие искрено уживате.

Кариера

Веројатно ќе добиете меил , порака или глас во врска со еден деловен проблем што не е мал , но сега би можел да се реши.

Здравје и совет

Довршете си ги заостанатите обврски.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не ви изгледа како состојбата да ви се подобрува и затоа ги анализирате причините. Ќе ве заболи главата , но треба едноставно да оставите да помине.

Кариера

Има повеќе работи што вие треба да ги завршите , но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете.

Здравје и совет

Користете ги паузите за одмор.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако нешто ве измачуваше , денеска со тоа ќе се соочите на сериозен начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот.

Кариера

Вашите деловни односи добро се развиваат , а вие денеска сте посветени на изработка на нови амбициозни деловни планови.

Здравје и совет

Не се предавајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашања за срцето , денеска ќе може да го читате меѓу редови секој детал , но немојте да ги кажувате на други своите искуства.

Кариера

Сите дејности во кои се бара суптилност, интуиција , креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе мечтаете со отворени очи.

Животот во раскошниот дом го замениле со автобус (видео)

 – Овој пар има 7 деца, сите живеат на тркала

Нивниот живот е динамичен и сакаат да го поминуваат во патување.

Познато е тврдењето дека секому му е потребен безбеден дом и покрив над главата, а тоа обично подразбира стационираност на едно место. Иако многумина посакуваат постојан сопствен дом, други со задоволство го менуваат за поскромни и поедноставни услови. Ова големо семејство докажа дека трошоците за живот не мора да се секогаш големи, туку дека понекогаш времето е пари и она што го доживуваме во животот.

Едно деветчлено американско семејство одлучило својот раскошен дом да го замени со автобус.

@jdandbritney

(null)

♬ original sound - AmericanFamilyRoadTrip

- Порано мислев дека, ако имам големо семејство би требало да имам и поголема куќа. Како просторот да е клучен за детето да израсне во успешна и добро ситуирана личност. На децата им е потребно вашето време. Имавме голема куќа, но таа бараше одржување и ни беше товар, ни го одземаше драгоценото време што го имавме за себе. Се одлучивме за поинаков пристап кој ни дава максимална можност за квалитетен живот - значајни искуства, развој на карактерот, учење и градење на односи – навела мајката на седумте деца во објавата на Инстаграм.

Таа истакнала дека за да го постигнете тоа не ви е потребно да живеете во голема куќа, туку како нив, во автобус.

Нивниот мобилен мини-дом има сè што му е потребно на целото семејство. Тие редовно споделуваат моменти од автобусот со лицата што ги следат на Инстаграм и Тикток.

Автобусот е на два ката и ги има сите неопходни елементи за функционирање на едно семејство. Децата имаат свои кревети, брачниот пар има свој заеднички кревет, како и кујнски елементи. На видеото објавено на Инстаграм може да се види како децата имаат свое катче за учење и одмор, така што буквално ништо не им недостасува.

Имаат када, туш кабина, топла вода и сите придружни елементи во бањата. Како што наведува оваа инфлуенсерка во описот на објавата, на нејзиниот сопруг му биле потребни осум месеци да го направи овој автобус, да го регистрира, да го осигура, но тие уште од почетокот имале свој оригинален дизајн. Засега во тој дом ги посетила само нејзината мајка, која рекла дека одлично спиела и дека ѝ било убаво.

Ова семејство привлекува големо внимание кај луѓето на Инстаграм, но многумина ги напаѓаат родителите поради тоа што ги ограничуваат децата на толку мал простор.

-Што ќе правите кога децата ќе станат тинејџери?

- Планирате да се усидрите некаде?

- Овие деца ќе бидат сè поголеми и поголеми, и автобусот нема да биде доволен.

- Не можам да преживеам во простор за кампување од 40 квадрати со петчлено семејство, хаха

- Ова е лага... нема шанси да се сместите со сите тие деца во овој автобус - беа дел од коментарите.

Многумина ги критикуваат овие родители дека не се грижат соодветно за семејството и дека децата немаат приватност, и дека овој потег е многу себичен од страна на родителите. Мајката на прозивките одговорила дека не мора да ги имаат сите одговори од денес до утре и дека засега совршено уживаат во својот подвижен дом кој им овозможува да посетат многу земји потполно бесплатно и многу поволно, така што засега немаат намера да се сместат на некое место.

Извор: srecna.republika.rs

притисни ентер