ДОМ: Поддршка на иницијативата за една изборна единица

На седницата на Централниот одбор на зелената партија ДОМ, одржана вчера, се дискутираше за актуелната политичка состојба, за заклучоците од Стратешкото планирање на ДОМ за периодот 2019-2024 и за идните активности, соопштија од ДОМ.

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин го истакна значењето на одлуката на германскиот Парламент за започнувањето на преговорите на нашата земја со ЕУ. Таа ја нагласи и континуираната поддршка што ја добиваме од страна на Европските зелени во однос на ова прашање, која на нејзин предлог беше реафирмирана и на неодамнешната лидерска средба на Европските зелени партии во Брисел. Очекуваната позитивна одлука на Советот на ЕУ во октомври ќе биде дополнителен поттик за развој на европските вредности, демократијата, владеењето на правото и неселективната правда, почитувањето на човековите права, како и на економскиот прогрес на македонското општество.

Членовите на ЦО на ДОМ искажаа задоволство од формираната Иницијатива во Собранието, за една изборна единица. Реализирањето на оваа долгогодишна заложба на ДОМ ќе овозможи секој политички субјект самостојно, со своја предизборна програма да настапи на избори. Тоа ќе овозможи и поправична претставеност на граѓаните во Собранието и развој на демократијата.

Централниот одбор ја разгледа информацијата и за претстојната посета на Европските зелени на ДОМ, во чии рамки поранешниот европратеник и член на Комитетот на Европските зелени, Томас Вајс, ќе учествува како панелист на конференција за климатските промени.

На состанокот на Централниот одбор се дискутираше и за еколошки теми, како решавање на проблемот со одлагање на фармацевтски отпад од домаќинствата и забрана за пластични производи за еднократна употреба.

Буркина Фасо, Мали и Нигер го финализираа проектот за создавање тристран сојуз

Буркина Фасо, Мали и Нигер во Ниамеј го финализираа нацрт-текстот за создавање сојуз на земјите од Сахел. Нацртот се очекува да биде усвоен од трите земји предводени од воените хунти во наредните недели.

Во главниот град на Нигерија вчера се одржа состанок помеѓу министрите за надворешни работи на Мали, Буркина Фасо и Нигер, Абдулај Диоп, Карамоко Жан Мари Траоре и Бакари Јау Сангари.

- Целта на средбата беше да се финализира нацрт-текстот поврзан со институционализацијата и функционирањето на Конфедерацијата на Сахелските држави, истакна Сангари.

Буркина Фасо, Мали и Нигер се поранешни француски колонии, кои ја продлабочуваат соработката со Русија. /МИА

Објавен петтиот том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“

Објавен е петтиот том на публикацијата „Визуелна хроника на македонскиот стрип“, најново издание на Александар Стеванов – графички дизајнер, наградуван стрип-сценарист и хроничар на македонскиот стрип.

Како што информира авторот, во книгата се истражува и прибележува деветтата уметност на македонско тло, овојпат детално обработена го периодот од 2016 до 2019 година.

На вкупно 64 страници во боја, формат А4, во изданието се опфатени речиси 270 хронолошки единици, кои збирно го осведочуваат овој период како врвна точка на домашното стрип-издаваштво. Опфатени се стрип-албуми и списанија за стрип објавени кај нас, одржани стрип-работилници, фестивали и изложби, гостувања на македонски стрип-автори на манифестациите во странство, како и освоени награди на стрип-фестивалите во земјава и во регионот.

- Станува збор за зафат од капитално значење, изведен за сега, еве и во нејзиниот петти дел, поточно во публикациите со различни дијахрониски опфати: првиот дел опфаќајќи го периодот 1990 – 1999 година, вториот 2000 – 2007, третиот 2008 – 2011, четвртиот 2012 – 2015 година... сѐ додека својот историски проект Стеванов не го доведе до наши дни, пишува истакнатиот писател Томислав Османли во предговорот кон изданието.

Како и претходните четири тома, и овој петти том на „Визуелна хроника на македонскиот стрип“ излегува со поддршка на Министерството за култура.

Почнувајќи од наредната недела изданието ќе биде дистрибуирано во библиотеките ширум земјава, најпрво во НУБ „Св. Климент Охридски“, а во скоро време се очекува да има промоција. /МИА

Кике Санчез Флорес ја напушта сезоната на крајот од сезоната

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес, ќе ја напушти функцијата по завршувањето на сезоната, соопшти прес-службата на шпанскиот клуб.

Педест и деветгодишниот Шпанец е на чело на Севилја од декември минатата година. Под негово водство, тимот одигра 23 натпревари, забележа 11 победи, четири пати ремизираше и загуби на девет средби.

Севилја по 36 кола се наоѓа на 12. место во шпанската Ла Лига со 41 бод.

Во 37. коло Севилја утре во 19 часот ќе се соочи со Атлетико Билбао на гостински терен. /МИА

притисни ентер